Home » , » Лигата ја признава грешката на судиите: Рубио беше фаулиран

Лигата ја признава грешката на судиите: Рубио беше фаулиран

Written By Unknown on 28.3.13 | 21:39

Можеби не променува ништо, но официјалните лица на НБА лигата признаа дека судиите направија грешка на натпреварот помеѓу Волвс и Лејкерс синоќа, кога Брајант го направи физички контакт додека Рубио шутираше во последните секунди, но судиите тоа не го видоа и не досудија апсолутно ништо.

Рики Рубио проба да го спаси својот тим шутирајќи тројка со звукот на сирената, а по неколку пати разгледаното видео, потвредено е дека Рубио е фаулиран од страна на Коби Брајант додека тој го подига својот шут. Во тој случај, Рубио требаше да шутира 3 слободни фрлања, што евентуално би го изедначиле и испратиле натпреварот во продолжение.

Но сепак, како што кажа и Коби, судиите нема да досудат фаул на очајнички шут за спас во последните секунди од натпреварот. Но барем НБА лигата призна. Како и да е, Лејкерс излегуваат со победа од Минеополис.

0 comments:

Post a Comment