Откако Чикаго ја прекина серијата од 27 последователни победи на Мајами Хит во средата, ЛеБрон Џејмс не беше задоволен од тоа како судиите го судат контактот врз него.
Тие коментари стигнаа и до главната канцеларија на НБА лигата, каде што беше прегледан барем еден фаул над ЛеБрон кој што не беше неспортски. Во овој случај, фаулот на Таџ Гибсон над ЛеБрон беше променет од шутерски фаул, во неспортски или т.н. "flagrant" фаул.
Лигата конечно сериозно ги сфати коментарите на ЛеБрон Џејмс и иако оваа промена на фаулот не значи ништо, ќе биде интересно да се види како во иднина дефанзивците ќе играат одбрана на Џејмс и секако, очекуваме неколку коментари токму од страна на најдобриот играч на денешницата.
0 comments:
Post a Comment