Home » , » Андре Игуадала заминува од Денвер?

Андре Игуадала заминува од Денвер?

Written By Unknown on 31.3.13 | 19:23

Предвидувањата се дека Андре Игуадала ќе продолжи со Денвер Нагетс ова лето, пред да стане слободен играч. Тој тотално се вклопува во системот на Џорџ Карл, тимот игра брзо темпо и очајно им треба солиден дефанзивец на бековската и крилната позиција за да просперираат во плејофот.

Но, по се изгледа дека Денвер ќе треба да плати повеќе од очекуваното за да го задржи нивниот најдобар играч во одбраната. 

Игуадала дури и ја потврди информација дека ова лето нема да продолжи со Денвер и ќе бара тим кој ќе му понуди повеќе пари во повеќе - годишен договор. И да, Иги е сигурен во тоа дека неговиот нареден договор нема да изнесува 16.1 милион долари по сезона.

“Да, дефинитивно. Мора прво да ги разгледате сите опции.“ - изјави 29-годишниот Андре Игуадала. “Тешко е да се одлучам, особено кога ќе сфатам каква сезона играме. Но и другите тимови знаат што можам да им донесам, а сигурен сум дека и Нагетси знаат што им носам во нивниот тим.“

“Вреди да се ризикува. Некои играчи заработуваат по 50, 60 или 70 милиони долари за неколку години. Се откажуваат од помали договори, но знаат дека истата сума од тој договор ќе ја вратат тродупло.“ - додаде Игуадала. 

Денвер за наредната сезона ќе има околу 50 милиони долари во касата и секако дека ќе се обиде да го продолжи договорот со Игуадала. Но, доколку Иги бара повеќе пари, Денвер ќе треба да плаќа поголем данок кон лигата, што на нив не им се допаѓа. 

Иако Игуадала знае дека ќе добива позгодни понуди ова лето, тој сепак сака да остане кај што се наоѓа моментално -- не поради парите што ги добива, туку победничката атмосфера која преовладува.

“Мислам дека ако продолжиме да победуваме овде, се ќе си дојде на свое место. Би сакал да играм на вакви тимови, каде што ќе имам придонес врз играта дури и без да постигнам ниту еден поен. Кога победуваме чувствувам дека не треба да го докажувам мојот талент.“

Игуадала игра солидна сезона со Нагетс, бележејќи 12.7 поени и по 5.1 скокови и асистенции. Но, неговиот придонес врз играта не зависи од тоа каква ќе биде конечната статистика по неговото име. Тој ги прави сите оние мали нешта што се потребни за победа. 

0 comments:

Post a Comment