“Flu gamе“ - Мајкл Џордан

Written By Unknown on 10.3.13 | 21:56

tumblr_msleq0v2WG1qzd0p8o1_5001


Еден од најспектакуларните натпревари во плејофот на НБА лигата се одигра на 12. јуни 1997. година. Легендарниот Мајкл Џордан со температура од 40 степени го сруши тимот на Јута Џез во петтиот натпревар од финалето и постигна 38 поени.


Тој натпревар беше двобој на дуото Џон Стоктон и Карл Мелоун за Јута и Мајкл Џордан и Скоти Пипен за Булс.

Некои мечеви, односно јунаци не смеат да бидат заборавени. Така е и со легендарниот Мајкл Џордан.

Пред натпреварот Џордан дојде во Солт Лејк Сити со телесна температура од 39.3, и сите фанови на Јута се надеваа дека Џордан нема да заигра на тој натпревар, но тогаш се случи чудо...

 
“Како што стојат работите, Џордан нема да игра. Не знам дали ќе има сила да го облече дресот. Изгледа многу лошо“, - рече Скоти Пипен.

 

Но, и покрај ова Џордан реши да се “проба“ и излезе на паркетот.

 

Пред натпреварот Фил Џексон рече дека Џордан нема шанси да го издржи темпото и ритамот на натпреварот, а Мајкл врати со изјавата:

 
“Мoрам да играм. Ќе ти кажам како се чувствувам кога мечот ќе започне“,

 

Џордан истрча на паркетот, практично го одигра цел натпревар (од 48 можни минути на паркетот помина 44 минути) и постигна 38 поени. Џеф Хорначек во последната секунда од натпреварот можеше да погоди за продолжение, но не погоди, а потоа Мајкл се сруши на паркетот како покосен. Пипен на своите раце го однесе до соблекувалната.

 
“Тој е најголемиот играч на сите времиња. Секој тоа можеше да го види на овој натпревар“, истакна Пипен.

 

Со него се сложи и легендарниот Фил Џексон.

 
“Ако внимателно погледнете во каква состојба го одигра овој меч, колку физички беше болен и колкав е неговиот придонес, тогаш слободно може да кажам дека ова е најголемата вечер на Џордан која сум ја видел. Ова е херојски настап што го прави легендарен“, - рече Џексон.

 

На тој натпревар Џордан покрај 38те поени оствари и 7 скока, 5 асистенции, 3 украдени топки и 1 блокиран шут.

0 comments:

Post a Comment