Home » , » Бостон Селтикс за малку не го трејдувале Пол Пирс во Далас

Бостон Селтикс за малку не го трејдувале Пол Пирс во Далас

Written By Anonymous on 10.3.13 | 22:37


Иако е тешко да се замисли како би изгледал Пол Пирс во дресот на Далас Маверикс , сето тоа беше многу поблиску да се случи отколку што е ние знаеме.

Генералниот менаџер на Селтикс, Дени Ејнџ имаше добиено многу понуди и размислуваше за рестартирање на целиот тим на Бостон, но “конвенционалната мудрост“ како што тој ја нарекува, го одвратила од таа идеа.

Пред истекот на рокот за трејдови, Бостон Селтикс имаа една одлука која мораа да ја донесат во врска со иднината на тимот: дали да ја прифатат понудата за размена на играчи во која Џош Смит би дошол во Бостон, Пол Пирс би отишол во тимот на Далас, а Брендан Рајт, Данти Џонс, Џеи Краудер и пиковите на Далас и Бостон од првата рунда во драфтот би му припаднале на тимот на Атланта Хокс. Сепак од управата на Бостон не сакаа да го дадат пикот од првата рунда и преговорите пропаднаа.

Би било многу интересно да се види тимот на Далас Маверикс со Пол Пирс и Дирк Новицки заедно следната сезона, во ротација со Винс Картер. Иако би биле малку престари во Западната Конфереција, со Тандерси на чело, оваа зделка се коси и со политиката на Далас за краткотрајни договори (Пирс има уште една година по оваа). Со ова Атланта би добила шанса за реконструкција на тимот.

Сево ова звучи одлично на хартија, но со скорот од 13-4 на Бостон без Ражон Рондо, очигледно е дека тимот на Селтикс функционира одлично и нема потреба од промена. Освен тоа, како би изгледал тандемот Рондо – Смит(кој очекува максимален договор ова лето)? Тогаш Бостон би биле добар тим, но не одличен  (освен ако Џош Смит не го повлече Двајт Хауард од Лејкерс, но во овој случај зборуваме за две скапи зделки кои Бостон не може да си ги дозволи). А и Кевин Гарнет би се видел себе во втор план, покрај Рондо и Смит и можеби би се предомислил во врска со понудата од Клиперс.

Иако сето ова се шпекулации кои никогаш не успеаа, што е веројатно најдобро за Бостон имајќи го во предвид скорот на Бостон од 13-4 без Ражон Рондо.

0 comments:

Post a Comment