Home » , » НБА Македонија: ТОП 10 изненадувања за оваа сезона

НБА Македонија: ТОП 10 изненадувања за оваа сезона

Written By Anonymous on 16.4.13 | 22:56


Изненадувања има секоја сезона. Лани на пр. беше Џереми Лин. Како гром од ведро небо се појави и направи “БУМ“ во тимот на Никс, но и низ целата НБА лигата.

Ви ги претставуваме ТОП 10те изнанадувања за оваа сезона:


10. Дејмиан Лилард
Уште од првиот натпревар, кога стапна на НБА паркетите практично ја освои наградата за Руки на годината. Против Лејкерси пред некоја недела постигна 38 поени, највисоки во кариерата и за прв пат беше вметнат во ТОП 10 потези на вечерта.

Нема да игра во плејофот, но има светла иднина, и сигурно дека ќе го води тимот до плејофот наредните години.

Во Вебер Стејт, важеше за одличен стрелец. Сега, го живее сонот, игра како стартен плеј во Портланд, и ќе почне полека полека да го покажува својот потенцијал, ако веќе не го покажал.

9. Вориорс пристигнаа
Кој од вас очекуваше дека Голден Стејт ќе влезе во плејофот?

Вориорс предводени од Стеф Кари и Дејвид Ли го осигураа 6. место на Западот со засега рекорд од 45-36. Тимот исто така ги има и Џерет Џек, Карл Лендри, Клеј Томпсон, рукито Харисон Барнс и други...

Ќе наредуваат повеќе следната сезона, но сепак ова е изненадување и заслуж да се најде на оваа листа.

8. Шоуто на Лери Сандерс
Larry who? - ова прашање беше поставувано кога Лери Сандерс се “појави“ како стартер во Бакс. Пред да започне сезоната, Екпе Јудох се очекуваше да стартува и да биде изненадување, но сепак Лери ја искористи шансата. Лери Сандерс е втор во блокирани шутеви во просек (2.83), само позади Серџ Ибака (3.06). Тој бележи исто така и 9.8 поени и 9.5 скока.

Сето ова го прави за околу 28 минути на паркетот.

7. Разиграниот Џ.Р. Смит
Мислам дека Џ.Р. Смит се обидува да добие максимален договор според играта што ја прикажува. После Ол Стар паузата, Смит бележи околу 21 поен, 6 скока и 3 асистенции по натпревар. Во последните 5 натпревари, бележи 25.6 поени. Поените доволно кажуваат се.


6. Доминацијата на Булси....без Дерик Роуз
Поранешниот МВП Дерик Роуз не изигра ниту една минута за Булси оваа сезона. Сепак, Чикаго се наоѓаат на 6. позиција на Истокот, доволна за влез во плејофот.

Предводени од потенцијалниот дефанзивен играч на сезоната Џоаким Ноа, “Биковите“ играат одлично. Овој тим се држи заедно цела сезона. Нејт Робинсон и Таж Гибсон се одлични од клупата и според сето ова, фановите се и повеќе од задоволни..

5. Тешките повреди завладеаа со НБА лигата
Коби Брајант, Ражон Рондо, Лу Вилијамс, Брендан Хејвуд, Андерсон Важеро, Роди Борбоа, Данило Галинари, Брендон Раш, Данило Галинари, Џејсон Ричардсон, Марчин Гортат, Ченинг Фреј, Борис Диао, Енес Кантер, Бредли Бил и Леандро Барбоса пред време ја завршија оваа сезона поради тешки повреди. Немам коментар.

4. Тобајас Херис
Како играч на Бакси, Херис едвај бележеше 5 поени по натпревар. Но, сега е друга приказна. Орландо преку трејдот на Џ.Џ. Редик го добија Харис од Бакс и тој откако пристигна во “магичните“ бележи околу 17 поени, 9 скока, 2 асистенции, 1.5 украдени топки и 1 блок по натпревар. Зборуваме за тотално “друг“ играч.

3. Џими Батлер
Поголем дел од сезоната го помина на клупата. Но, во втората половина од сезоната, Џими Батлер е одличен и офанзивно и дефанзивно. Во месецов бележи 16 поени, 6.5 скока и 2.4 асистенции.

Но, бројките не ја кажуваат целата приказна. Неговите потези да дојде до топката во одбраната се одлични. И неговиот прекар “Запирачот на Коби“ е точно.

2. Руди Геј
Можеби е до мене, но сепак Руди Геј изненади оваа сезона. Не во целост, туку во некои моменти. На 30 јануари Геј беше трејдуван во Торонто Репторс во трејдот помеѓу три тима (Торонто, Мемфис и Детроит). Во првите три натпревари Геј постави рекорд постигнувајќи 74 поени.

Шокирачки е тоа што, трејдот беше добар за сите три тима.


1. Подемот и падот во Ел-Еј
Клиперси ја освоија првата дивизиска титула. Лејкерси се борат за 8. место кое е последно и води во плејофот.

Никој, ама баш никој не очекуваше дека ќе дојде до ова. Да се има играчи во тимот како Хауард, Коби Брајант и Неш... На почетокот од сезоната сите предвидуваа дека ќе бидат први во Западната Конференција, но не испадна баш така. Да, сега тие се борат со Јута Џез за 8. место на Западот.




0 comments:

Post a Comment