Home » , » Кармело Ентони и Стефан Кари најдобри играчи во Април

Кармело Ентони и Стефан Кари најдобри играчи во Април

Written By Unknown on 20.4.13 | 10:06

Стефан Кари од Голден Стејт Вориорс и Кармело Ентони од Њу Јорк Никс денеска без избрани за најдобри играчи во последниот месец од регуларната сезона, Април.

Ентони бележе скоро дабл-дабл учинок, играјќи во 8 од 10те натпревари за Никс овој месец, во кој тие остварија учинок од 8 победи и 2 пораза. Тој беше најдобар стрелец во лигата овој месец со просек од 36.9 поени, а бележе и солидни 9.9 скока по натпревар. Ентони, кој сезонава ја заврши како најдобар стрелец (28.7 ППН), постигна барем 40 поени во три последователни натпревари, вклучувајќи ги и оние 50 поени во победата на Никс над Мајами Хит од 102-90. Со тоа, Мело стана само вториот играч во историјата на Њу Јорк кој постигнал 40+ поени во 3 последователни натпревари, придружувајќи му се на Бернард Кинг. Што се однесува до неговите проценти на реализација, Ентони шутираше 53% од поле, 46% за три поени и 83% од линијата за слободни фрлања.


Стефан Кари ги предводеше своите Вориорси до месец во кој забележаа 5 победи и 3 порази, со што ја запечатија оваа сезона со плејоф настап. Во западната конференција тој имаше четврт најдобар просек во поени по натпревар (25.4), трет најдобар во асистенции (8.1) и шести најдобар просек во украдени топки (2.1). Во поразот на Голден Стејт од Лос Анџелес Лејкерс, Кари постигна 47 поени, а згора на тоа имаше и 9 асистенции и 3 украдени топки. Кари исто така постави нов рекорд во постигнати тројки во една сезона со 272 тројки, преминувајќи го претходниот рекорд на Реј Ален од во сезоната 2005/06.


Други номинирани играчи за овие награди беа: Дерон Вилијамс, Грег Монро, Коби Брајант, Кевин Дурент, Расел Вестбрук и Ал Џефесон. 

0 comments:

Post a Comment