Марк Гасол, играчот кој на центарската позиција ја предводеше најдобрата одбрана во лигата оваа сезона е прогласен за најдобра дефанзивен играч на сезоната. Со тоа, помладиот Гасол е првиот играч во историјата на Гризлис кој освоил ваков тип на награда.
Гасол прими 212 од можните 1089 гласа, вклучувајќи 30 поени за првото место. ЛеБрон Џејмс заврши втор со 149 поени (18 за прво место) и Серџ Ибака со 122 поени (14 за прво место) заврши на третата позиција.
Марк Гасол, еден од само шесте играчи кој сезонава постигнале просеци од барем 1.5 блокови и 1.0 украдена топка, ја предводеше убедливо најдобрата одбрана во лигата, одбрана која примаше само 88.7 поени по натпревар во регуларната сезона.
Покрај тоа што Гасол беше маестрален во одбраната, навистина беше тешко да се избере кој ќе го освои овој престиж. Конкуренцијата е голема, а во предвид треба да се земе секоја можна статистика. Тука најмногу влијаат сложените статистики што укажуваат каква е разликата кога дефанзивецот е на теренот и кога е на клупата, какво влијание има дефанзивецот врз соиграчите и какво врз противничката екипа. Обично, оваа награда оди кај играчот кој ја предводи најдобрата одбрана во лигата.
Еве како испадна конечниот редослед на гласање, според NBA.com:
|
0 comments:
Post a Comment