Home » , » Грент Хил вели дека голема е шансата да се пензионира летово

Грент Хил вели дека голема е шансата да се пензионира летово

Written By Unknown on 5.4.13 | 14:53

Грент Хил е член на ЛА Клиперс од минатото лето, откако потпиша две-годишен договор со најверојатно последниот тим во неговата кариера. 

Таа втора година што треба да ја одигра соогласнот на договорот, по се изгледа дека нема да важи, бидејќи 40-годишниот ветеран има други планови за иднината. Имено, Грент Хил размислува за пензија. 

“Големи се шансите. Ќе ми треба цело лето убаво да размислам, но најверојатно тоа ќе биде одлуката која ќе ја донесам. Сепак уживав до сега.“ - изјави Грент Хил.
Заборавете ги неговите години, само забележете како работите брзо се променија за кратко време.  Во петте години во Феникс, тој беше сигурен стартер во секој натпревар, но дури и до последната година лани, тој беше и најдобриот дефанзивец во тимот и често имаше задача да го чува противничкиот најдобар играч, освен центар.

Сега во ЛА Клиперс, не играше се до 12ти Јануари оваа година, а и неговата улога во тимот е многу помала. Како и да е, Хил го разбира тоа и знае дека кога ќе биде повикан од тренерот секогаш треба да го покаже своето најдобро, бидејќи повикуван е само во одредени моменти.

0 comments:

Post a Comment