Home » , » Мајк Вудсон: “Вината е на мене“

Мајк Вудсон: “Вината е на мене“

Written By Unknown on 16.5.13 | 02:16

Џ.Р. Смит беше првиот од таборот на Никс кој излезе во јавност со изјава дека неговиот тим игра лошо поради него. А вистината не е нешто поразлична, неговите шутерски проблеми не им помагаат на Никс.

Но, Мајк Вудсон е вистински тренер. Тој нема да дозволи неговиот шести играч на сезоната да пати од критики од јавноста поради лошите игри на нивниот тим.

“Јас сум тренерот на овој тим. Ставете ја вината на мене. На крајот на краевите сите ние пробуваме да ги правиме правите работи за да победиме на еден од овие натпревар. Но моментално сме свртени со грбовите кон ѕидот и мојата работа е да го извадам овој тим од таа дупка.“ - изјави Мајк Вудсон.
Вистина е дека Вудсон заслужува добар дел од вината за лошата игра на Њу Јорк. Тој проба да се спротивстави против големината на Пејсерс, да се спротивстави на нивната физикалност, отколку да остане со "small ball" петорката и Кармело Ентони на четворката. Го исфрли Приџиони од стартната петорка со што воедно се откажа и од движењето на топката, една од главните причини поради која се наоѓаат во полуфиналето на истокот.

Но како стојат работите, има доволно вина и срам за да се префрли над секој играч посебно во Њу Јорк.

0 comments:

Post a Comment