Home » , » Џери Слоун би се вратил како тренер само во шампионски тим

Џери Слоун би се вратил како тренер само во шампионски тим

Written By Unknown on 18.5.13 | 11:21

Џери Слоун сега има 71 година. Тој е член на куќата на славните. 21 од последните 23 сезони ги помина како тренер на врвни плејмејкери, дали во Џон Стоктон или Дерон Вилијамс.

Мислите дека би се вратил како тренер на Милвоки Бакс со плејмејкер како Брендон Џенинг наредната сезона?

Челните луѓе на Бакс имаа разговорор со Слоун. Џон Хамонд (ГМ на Милвоки) пробал да му ги овозможи сите задоволително околности, но одговорот е не. 

“На Џери му се многу важни моменталните услови во тимот и како тој тим стои со своите шампионски амиции. Тој не сака да се врати во тренерските води со екипа на која и требаат уште неколку години за да зајакне на шампионски план. Тимовите на Слоун секогаш биле компетентни. Тој отсекогаш бил натпреварувач и учител.“ - вели Кит Глес, агентот на Џери Слоун.
Потенцијални тимови во кои Џери Слоун би можел да оди се: Нетс (доколку на Вилијамс тоа му се допаѓа), Хокс (доколку го потпишат Двајт Хауард и Лери Дру си замине). Клипер (доколку го отпуштат Вини Дел Негро) и Гризлис (ако го отпуштат Лајонел Холинс). Опциите не се баш големи, но доколку Слоун навистина сака да тренира само компетентни тимови, тогаш може и никогаш да не се врати со оглед на моменталната ситуација.

0 comments:

Post a Comment