Home » , » Шарлот Хорнетс се враќаат наскоро

Шарлот Хорнетс се враќаат наскоро

Written By Unknown on 18.5.13 | 13:32

Шарлот Бобкетс го започнаа процесот за враќање на поранешното име на тимот, Хорнетс.

Тогашните Шарлот Хорнетс играа во Северна Каролина од 1988 до 2002 година, кога сопственикот Џорџ Шин го премести тимот во Њу Орлеанс. Откако Њу Орлеанс од ова лето се Пеликанс, името Хорнетс се ослободува и градот на Шарлот повторно ќе има НБА тим под име Хорнетс.

Бобкетс нивното име го добија од Роберт Џонсон, човекот кој го купи тимот во 2004 година. Џонсон ги продаде акциите на Мајкл Џордан во 2010 година, правејќи го Џордан првиот поранешен НБА играч кој поседува еден тим.

Менувањето на името на некој начин ќе го засили процесот на преградување на тимот, кој заврши со најлошиот рекорд во лигата во сезоната 2011/12 и вториот најлош рекорд во изминатава 2012/13 сезона. Како Хорнетс, овој тим стигна 4 пати до конференциските финалиња на истокот во периодот помеѓу 1993 и 2002 година.

Како што изјави Адам Силвер, потенцијалното менување на име ќе завземе период од 18 месеци, што значи дека Шарлот ќе може да игра како Хорнетс некаде во 2014 или 2015 година.

0 comments:

Post a Comment