Home » , » Што понатака со Оклахома Сити Тандер?

Што понатака со Оклахома Сити Тандер?

Written By Unknown on 17.5.13 | 00:45

Откако сите го видоја крајот на сезоната на Оклахома Сити Тандер многу порано од очекуваното, во која насока ќе оди тимот предводен од Кевин Дурент?

Во Оклахома има светла иднина. Тоа го знаевме одамна. Кевин Дурент, Расел Вестбрук и Серџ Ибака се сите млади и имаат долго-годишни договори. Единствената поголема одлука што треба да ја направат е со Кевин Мартин, чии договор истекува ова лето, а секако тука се и младите таленти кои еволвираат почнувајќи од Реџи Џексон, па се до Пери Џоунс и Џереми Лемб. 

Имаат и еден пик од лотаријата на Торонто, благодарение на трејдот на Џејмс Харден. Ако генералниот менаџер Сем Прести сака уште подлабок ростер, може да го започне со амнестирање на Кендрик Перкинс, чии игри се навистина разочарувачки откако ги искина лигаментите на коленото во финалињата во 2010 година. 

И додека Тандер сигурно отиде чекор наназад со елеминацијата од конференциските финалиња од Мемфис Гризлис, тие сепак направија голем расчекор во текот на регуларната сезона, со здрав Расел Вестбрук на плејмејекерската позиција. Ја подобрија нивната одбрана, нивната тимска игра и гордо завршија на првото место во западната конференција. Но сето тоа се сруши со повредата на Расел Вестбрук во првата рунда од плејофот, кога го искина менискусот на десното колено и мораше да оди на операција, со што ја заврши сезоната.

Сега, кога заврши сезоната на Оклахома, веднаш следуваат критиките од медиумите. Тука веднаш се оние луѓе кои ќе кажат дека Дурент не е победнички играч и ќе го обвинуваат поради ретките лоши шутерски перформанси. Тука нема правдање, нема повлекување, но треба да се најде друга света крава која ќе се коле и мачи. 

Ќе има и критики секако кон Скоти Брукс. Човекот кој еволвира во тренер на сезоната пред некоја година, кој го однесе овој тим на Оклахома до големите финалиња лани, човекот кој го научи Кевин Дурент како се предводи шампионски тим. Но критиките кон него се барем разбирливи. Нивната сезона заврши поради повреда на еден од главните играчи, а во текот на регуларната сезона нивните седум најдобри играчи имаа комбинација од само 14 пропуштени натпревари. Тешко беше за Брукс да го адаптира тимот со нов плејмејкер во кулминацијата на еден плејоф. 

Скоти Брукс мора да созрее како тренер на шампионски тим наредната сезона. Сега барем знае дека има огромен талент во позадина во Реџи Џексон, а плејмејкерското дуо помеѓу него и  Вестбрук вреди да се испита во текот на сезоната, па дури и да го чини тоа натпревар или два. Дурент треба да поминува повеќе минути како PF и нивната офанзива не треба да зависи од тоа дали Вестбрук може да креира нешто од ништо. 

Тука е и суровата вистина дека шампионските порти никогаш не се отворени толку долго колку што се очекува. Прашајте ги Селтикс, кои секогаш ќе плачат поради повредата на коленото на Кевин Гарнет во 2009 година или шампионите Хит, на кои им недостасува само една мала повреда на Двејн Вејд за да бидат ранливи во плејофот. Навистина треба голема среќа за да се освои еден НБА шампионат. А среќата никогаш не се доделува. 

Како уште една причина за која би и се замерило на Оклахома е трејдот на Џејмс Харден пред почетокот на оваа сезона. Би можел ли овој тим на Оклахома заедно со Џејмс Харден да преживи во дуел против Мемфис без Расел Вестбрук? Можеби. Но тоа е прашање на кое не би се осудил баш секој да одговори, бидејќи улогата на Џејмс Харден е друга во овој тим на Хјустон Рокетс, а беше сосема друга во неговото време во Оклахома.

Но како и да е, неверојатна е преобразбата на Оклахома во последните 4 сезони. Се подобрија секоја година и секако стигнаа до големото финале минатата сезона. Но, повредите беа оние работи во кои сите се сомневаа за тоа како би изреагирал тимот на Тандер под нивно влијание. Сем Прести го очекува долго лето, во кое што прва цел на тимот ќе биде да закрепнат, па потоа да измешаат некои работи во ростерот. 

Крајниот епилог во досегашните 4 години можеби е разочарувачки, но ова ќе биде само помината сезона доколку Оклахома не научи од своите грешки. 

0 comments:

Post a Comment