Home » , » Флип Соундерс нов ГМ на Тимбервулфс

Флип Соундерс нов ГМ на Тимбервулфс

Written By Unknown on 3.5.13 | 21:24

Дејвид Кан беше отпуштен од позицијата на генерален менаџер на Минесота Тимбервулфс, а на негово место сега доаѓа поранешниот тренер на Визардс, Флип Соундерс. 

Е сега кога Соундерс ќе седне на канцелариската фотелја во Минесота, тој веднаш ќе се соочи со неколку проблеми. 

Прво, сопственикот на Тимберволвс Глеј Тејлор сака комплетно да ја продаде франшизата. Кога ќе дојде новото застапништво, повеќе работи би можеле да се сменат, па дури и позицијата на новиот ГМ Флип Соундерс.

Второ, тука е ситуацијата со Кевин Лав. На неколку наврати во последно време, ѕвездата на Тимберволвс покажа незадоволство од организацијата и можно е тој да излезе од неговиот договор. За да го задржат него, Вулфс треба да создадат победничка атмосфера во Минесота, на чело со Кевин Лав. 

Соудерс пак, беше тренер на овој тим од 1995 до 2005 година, предводејќи ги до 8 последователни настапи во плејофот, како и сезона во која стигнаа до самите конференциски финалиња во западната конференција во 2004 година. 

0 comments:

Post a Comment