Дејмиан Лилард, шестиот пик на ланскиот драфт, кој ги предводеше сите дебитанти во постигнати поени, ја освои наградата за најдобар руки играч на изминатава регуларна сезона.
Лилард во својата сензационална руки сезона во лигата веќе го воспостави статусот на ѕвезда, а имаше просеци од 19.0 поени, 6.1 асистенција и 3.1 скок по натпревар, играјќи во сите 82 натпревари од сезоната. Тој беше толку доминтанен што ги освои сите можни "Руки на месецот" награди во западната конференција.
Лилард собра 605 гласа од новинарите, од кои 121 глас беа за негово прво место. Ентони Дејвис од Њу Орлеанс Хорнетс заврши на второто место во оваа трка со 306 гласа, а Бредли Бил од Визардс имаше 94 гласови доволни за третото место.
Што се однесува до сензационалната деби-сезона на Лилард, таа беше исполнета и со многу рекорди поставени од негова страна. Тој го скрши рекордот на Стефан Кари за најмногу тројки во една руки сезона, завршувајќи со 185 постигнати тројки и стана само третиот играч во историјата на лигата кој постигнал барем 1.500 поени и 500 асистенции во првата сезона, покрај Оскар Роберстон и Ален Ајверсон.
“Неможам да престанам да се смешкам...“ - рече Лилард додека ја примаше "Еди Готлајеб" наградата синоќа.Резултати од гласањето за 2012/13 Руки на сезоната:
|
0 comments:
Post a Comment