Home » , » Амаре Стадамаер повторно ќе тренира со Хаким Олајжувон

Амаре Стадамаер повторно ќе тренира со Хаким Олајжувон

Written By Unknown on 31.5.13 | 16:06

Минатата година, дел од летото Стадемаер го помина тренирајќи со Хаким Олајжувон, со надеж дека ќе ја усоврши пост играта и на тој начин да придонесе што повеќе за тимот на Никси, а и да му помогне да си го врати местото во првата петорка.

Кога е здрав, придонесот на Стадемаер е сосема солиден. Но повредите на коленото го ограничуваат уште од почетокот на сезоната, па така имаше натпревари во кои не можеше да одигра ни неколку минути. Затоа и ова лето Стадемаер се одлучил да работа со легендата Хаким Олајжувон со цел да ја врати старата форма и да ја подобри играта во одбрана.

Двете главни причини поради кои Стадемаер се решил да ја обнови соработката со Хаким се подобрувањето на играта на низок пост (со што би му овозможил на Тајсон Чендлер повеќе да биде користен во pick-and-roll ситуации) и подобро функционирање со Кармело Ентони кога се двајцата заедно на паркетот, затоа што и двајцата најчесто го користат шутот од полудистанца.

Иако играше повреден во најголем дел од сезоната, постигнатите 14.2 поени по натпревар и 5 скокови во 23.5 минути поминати на паркетот се и тоа како солидни, а соработката со Олајжувон само ќе го подобри во скоро сите сегменти од играта.

0 comments:

Post a Comment