Home » , » Мајк Баденхолзер е новиот тренер на Атланта Хокс

Мајк Баденхолзер е новиот тренер на Атланта Хокс

Written By Unknown on 29.5.13 | 18:54

Новиот тренер за наредната сезона на Атлатна Хокс е Мајк Баденхолзер. Баденхолзер е искусен тренер кој во минатите 17 години беше асистент тренер на Сан Антонио Спарс, покрај Грег Попович.

Генералниот менаџер на Атланта, Дени Фери изјави:

“Тој е одличен познавач на кошарката. Има освоено 4 титули со Сан Антонио и знае што е потребно за тимот на Атланта да го претвори во еден победнички тим.”

Спарс им дозволија на Хокс да го го интервјуираат Баденхолзер за време на плејофот и да преговараат за договорот во текот на ова лето.

Атланта е исто така заинтересирана за слободните играчи Крис Пол и Двајт Хауард. Слободни играчи на Атланта ова лето се Џош Смит и Џеф Тиг, така да може да очекуваме ова лето некој голем трејд од страна на Хокси.

Новиот тренер на Атланта, Мајк Баденхолзер има 16 настапи и 130 победи во плејофот, 5 настапи во финалето и 4 титули.

0 comments:

Post a Comment