Home » , » Стив Клифорд именуван за нов тренер на Шарлот

Стив Клифорд именуван за нов тренер на Шарлот

Written By Unknown on 31.5.13 | 16:16

Поранешниот асистент тренер во Лос Анџелес Лејкерс Стив Клифорд, е ангажиран за главен тренер во Шарлот Бобкетс.

Бобкетси го отпуштија Мајк Данлап по само една година водење на тимот. Клифорд беше донесен во Лејкерси заради блиската врска со Двајт Хауард. Тој беше 4 години помошник во Хјустон Рокетс под раководство на Џеф Ван Ганди и 3 години во Њу Јорк Никс.

Бобкетси остварија рекорд од 21-61 минатата сезона под водство на Данлап, завршувајќи со најслаб рекорд веднаш зад Орландо Меџик во Источната конференција.

Џеф Ван Ганди, кој работеше со Клифорд во Хјустон Рокетс, вели дека тој би бил одличен НБА тренер затоа што играчите го ценат како личност и со нив создава блиска врска. 

“Клифорд е одличен тренер кој се приспособува со сите луѓе и мислам дека ќе изврши одлична работа со талентот во Шарлот. Среќен сум што еден од подобрите тренери во лигата ќе добие шанса во неговата професија.“ - вели Џеф Ван Ганди.
Други кандидати за тренерската работа во Шарлот беа и Алвин Џентри, Елстон Тарнер и Келвин Сампсон.

0 comments:

Post a Comment