Луал Денг останува во болничка состојба и вечера, кога ќе се игра последниот натпревар број 7 од сериите помеѓу Чикаго и Бруклин.
Денг го пропушти шестиот натпревар првично поради грип, но потоа испадна дека е нешто многу посериозно. Мораше да оди на болнички преглед и оттогаш не е достапен во ротацијата на Том Тибодо.
“Навистина ме нервира тоа што сите мислат дека ги пропуштам натпревари поради грип. Тоа не е вистина, а низ кариерата сум играл многу натпревари низ грип.“ - изјави Денг преку „Twitter“.И додека Денг нема да игра сигурно, нестабилна е и ситуацијата со Кирк Хајнрик. Дали ќе може да игра сеуште не се знае, но Булси се надеваат дека ќе го добијат барем него назад откако тој ги пропушти последните 2 натпревари.
0 comments:
Post a Comment