Home » , , » ЛеБрон Џејмс именуван за MVP на регуларната 2012/13 сезона

ЛеБрон Џејмс именуван за MVP на регуларната 2012/13 сезона

Written By Unknown on 6.5.13 | 00:37

ЛеБрон Џејмс е победникот на наградата за Најкорисен играч на регуларниот дел од тековната 2012/13 сезона. 

ЛеБрон сега е старо-новиот MVP на лигата, освојуваќји ја оваа награда втора последователна година и трет пат во последните 4 години. Единствен играч којшто ја освоил оваа награда четири пати во пет сезони се Бил Расел, а групата на играчи коишто имаат барем 4 вакви титули се состои од Мајкл Џордан, Карим Абдул Џабар, Вилт Чемберлејн, Бил Расел и секако, ЛеБрон Џејмс.

Џејмс прими 1207 вкупни поени, а 120 од 121 глас беа за неговото прво место, што значи дека само еден глас го оддели од освојување на оваа награда едногласно. Заокружувајќи ја групата на играчи, втор заврши Кевин Дурент со 765 гласа, Кармело Ентони имаше 475 поени доволни за третата позиција, а Крис Пол и Коби Брајант беа четврти и петти со по 289, односно 284 гласа. 

Што се однесува до супериорната сезона на Џејмс, тој ги предводеше своите Мајами Хит до најдобар рекорд во историјата на франшизата од 66-16, а беше и единствениот играч во лигата кој го предводел својот тим во поени (26.8), скокови (8.0) и асистенции (7.3 по натпревар). Реализираше највисок процент во својата кариера на шутот од поле (56%) и во шутот за три поени (40%). Во еден дел од сезоната, имаше жешка низа каде што постигна 30+ поени и реализираше 60% од поле во шест последователни натпревар. 

Во оваа сезона тој исто така стана и најмладиот играч во историјата на НБА лигата кој постигнал 20.000 поени во својата кариера, а наградата за играч на месецот ја освојуваше во секој, освен во последниот месец, а пет пати беше именуван и за играч на неделата во источната конфенреција.

Еве ги и конечните гласови за сите играчи вметнати во трката за MVP:


0 comments:

Post a Comment