Home » , » Њу Јорк и Голден Стејт вечерва се во ситуација “win or go home“

Њу Јорк и Голден Стејт вечерва се во ситуација “win or go home“

Written By Anonymous on 16.5.13 | 21:57


Вечерва се играат уште два плејоф дуели, дуели од полуфиналето на Истокот, односно Западот. 

Вчера ги добивме првите два патници во конференциското финале на Западот и Истокот. Првиот финалист на Истокот е Мајами кој со вкупни 4-1 го совлада Чикаго, а првиот финалист на Западот е Мемфис кој исто така со 4-1 ја растргна Оклахома.

Вчера во “тесна“ ситуација се наоѓаа Чикаго и Оклахома кои не успеаа да победат еден натпревар и колку толку да ја одржат својата сезона во живот. Денес во иста, потполно иста ситуација се наоѓаат тимовите на Голден Стејт и Њу Јорк. Голден Стејт има негатива од 3-2 и со победа би можеле да се изборат за “мајсторка“ додека пак Никси имаат нешто потешка задача, да им треба 4 победи по ред за да се пласираат понатаму.
Индијана игра одлична одбрана врз Никси во оваа плејоф серија, Мело и Џ.Р. Смит продолжуваат да промашуваат шутеви, тимот е себичен според зборовите на Тајсон Чендлер. Исто така во последните неколку натпревари Никси шутираат катстрофално за 3. Познатата изрека на Баркли стана вистина: “Ако живееш од тројка, ќе умреш и од тројка“. Тоа и се случи, во серијата со Индијана се катастрофални. Според очекувањата Индијана би требало да победи вечерва, но Никси нема да се откажат, ќе играат до самиот крај.

На другата страна пак, на Западот Голден Стејт и Сан Антонио ќе играат уште еден “epic“ дуел. По 5. дуели кои беа просто фантастични, денес следува дуелот 6 кој за Вориорс ќе биде или победа или крај на сезоната. Спарси играат добро исто како и Вориорс и вечерва очекуваме добар шутерски дуел од страна на “Воините“, но и добра игра во нападот на Спарси.

Вечерва:

Њу Јорк Никс - Индијана Пејсерс - 02.00
Голден Стејт Вориорс - Сан Антонио Спарс - 04.30

0 comments:

Post a Comment