Home » , » Крис Пол останува во Клиперси

Крис Пол останува во Клиперси

Written By Anonymous on 30.6.13 | 14:03

Претставниците на плејемејкерот на Л.А. Клиперс, Крис Пол кој заедно со Двајт Хауард е најзвучно име на слободниот пазар ова лето, објавија дека Пол сигурно ќе остане во Клиперс и дека другите тимови не треба ни да се трудат за да го доведат.

Одлуката на Пол да остане во Л.А. не е изненадување, но со ова дефинитивно е завршена приказната околу доаѓањето на Пол во другите тимови.

Доаѓањето на тренерот Док Риверс сигурно му помогна во изборот, затоа што Пол неколку пат сам наглалсуваше дека ќе остане само ако тренер на тимот е Док.

Шансите за останување на Пол без Риверс во Клуперси му беа мали, но некои изври тврдеја дека би можел да оди во Атланта Хокс, само за да игра со Хауард.

0 comments:

Post a Comment