Меѓутоа, уште денес стигна демант од таборот на “Келтите“. Имено, како што тврди овој извор близок до франшизата на Бостон, во таа приказна нема ни малку вистина.
“Управата на Бостон немаше ниту еден разговор со Далас, или со кој било друг тим, околу трејдот на Рондо. Тоа е смешно. Нема вистина во тоа. Впрочем, што ќе понуди Далас за Рондо?“ - се запраша овој извор.
Според наводите на друг извор, Далас не би имал теоретски шанси за да се впушти во било какви посериозни преговори со Бостон.
“Погледнете го ростерот на Далас. Па, тие се обидуваат да ја градат франшизата околу 37 - годишниот Дирк Новицки. Имаат многу играчи на кои им истекуваат договорите, бараат слободни играчи. Не можат да го доведат Рондо ни на сон“ - јасно вели овој извор.
Сепак, како можна дестинација за плејот на зелените се спомнуваа и Никси. Меѓутоа, никој уште не ги демантираше овие приказни околу евентуалното заминување на Рондо во тимот од “Големото Јаболко“.
0 comments:
Post a Comment