Home » , » Док Риверс постигнува договор со Л.А. Клиперс

Док Риверс постигнува договор со Л.А. Клиперс

Written By Unknown on 24.6.13 | 14:54

Веќе и официјално: Док Риверс ќе потпише тренерски договор со Лос Анџелес Клиперс, кој ќе трае 3 години и ќе вреди 21 милион долари. Се чека само одобрение од лигата за да се потпише овој договор.

Како компензација, Клиперс ќе испратат во Бостон пик од првата рунда во драфтот од 2015 година и тоа се, покрај очекувањата дека Клиперс и Селтикс ќе разменат и неколку играчи преку трејд. 

Сега ќе биде интересно да видиме дали челните лица на Клиперс ќе успеат да ја наговорат НБА лигата дека договорот со Риверс не дојде преку договорот за трејд со Кевин Гарнет или Пол Пирс. И додека е дозволено да се искомепнзираат пикови на драфтот во замена за тренер, ќе биде чудно во овој договор да не се тргне во потрага по некој посериозен играч од ростерот на Селтикс, а доколку тоа се случи, лигата ќе го искомплицира овој договор. 

Сега, откако во Холивуд слета Док Риверс, ќе биде многу полесно да се продолжи договорот со нивната суперѕвезда Крис Пол, кој е слободен играч ова лето. 

Сезоната во Лос Анџелес сеуште не е започната, а со самото пристигнување на Док Риверс, се зголемуваат и очекувањата за нивните достигнувања следната сезона. 

Што се однесува до разводот на Риверс со Селтикс, ова би требало да е крај на една победничка ера во Бостон. Лани си замина Реј Ален, сега Док Риверс, а на 35 и 37 години Пол Пирс и Кевин Гарнет најверојатно ќе ја прекинат својата врска со Селтикс. Риверс беше тренер на Бостон 8 сезони, а со тимот освои една титула во 2008 година.

0 comments:

Post a Comment