Home » , » Мајами останува на тронот, ЛеБрон повторно со MVP заслуга

Мајами останува на тронот, ЛеБрон повторно со MVP заслуга

Written By Unknown on 21.6.13 | 13:59

По една од најдраматичните финални серии на сите времиња, Мајами Хит во седмиот натпревар ги совладува Сан Антонио Спарс со конечни 95-88 и обезбедува победа што значи нова шампионска титула и останување на врвот на НБА лигата! 

Екипата на Мајами Хит повторно останува на тронот. Сосема заслужено, со тимска игра, срце на терен и херојска кошарка, тие извојуваа победа во седмиот натпревар, предводени од ЛеБрон Џејмс, кој уште еднаш беше феноменален со 37 поени, 12 скока и 4 асистенции. 

Одбраната на Сан Антонио едноставно немаше одбрана против неговиот шут. Шутот не беше неговото најголемо оружје, па на моменти му претставуваше дури и голем проблем. Но синоќа ЛеБрон покажа дека има сериозно оружје во својот скок-шут и погоди 5 тројки кога беше најпотребно. 

MVP титулата заслужено е во негови раце, покажувајќи дека е најдобриот играч во финалната серија со просеци од 25.3 поени, 10.9 скокови и 7.0 асистенции во седумте натпревари од НБА Финалето. 

Колку што ја заслужи и Џејмс, ова беше титула на целиот тим на Мајами Хит. Вејд синоќа беше одличен со 23 поени и 10 скока, а иако не постигна ниту еден поен, Крис Бош беше клучот за одбраната над Тим Данкан. Шејн Батие, по големите проблеми со својот шут низ плејофот, синоќа излезе во пресрет и погоди 6 големи тројки, Марио Чалмерс исто така беше солиден со 14 поени, додека потребната енергија од клупата ја донесе Крис Андерсен. 

Со ова ставаме крај на уште една успешна НБА сезона, секако најуспешна за Мајами Хит. Со нивната втора последователна титула тие започнуваат една ера на нивна доминација и тешко ќе биде некој да ги запре во иднина. 

За Сан Антонио пак, иако се освен титула за нив е разочарување, ова е голем успех за тимот на Грег Попович. 

Не успеаа да ја капитализираат одличната сезона со круната, но тоа што го направија предводени од 37-годишниот Тим Данкан е премногу. Секоја чест и за нив, но само еден тим може да биде крунисан како НБА шампион. 



0 comments:

Post a Comment