Home » , » Оклахома го посакува Нерленс Ноел

Оклахома го посакува Нерленс Ноел

Written By Anonymous on 26.6.13 | 14:51

Според последните информации, управата на Оклахома се обидува да им прати пристојна понуда на Кливленд Кавалирс со цел тимот од Охајо да се откаже од првиот пик.

Желбата на ГМ-то на “Громовие“ Сем Прести е Нерленс Ноел, 19 - годишниот одличен центар на Кентаки кој во текот на минатата НЦАА сезона постигнуваше по 10.5 поени, 9.5 скока и 4.4 блокови.

Не е тајна дека во Оклахома се незадоволни од игрите на поранешниот играч на Бостон Кендрик Перкинс. Челниците на Тандерси веруваат дека Ибака и Ноел би биле фантастично дефанзивно дуо под кошот.

Како што се “шушка“ Оклахома му пратила понуда на Кливленд вклучувајќи ги Џереми Ламб, Реџи Џексон и Пери Џонс во замена за правото на прв пик, но сепак челниците на Кливленд кои се спремни да го трејдуваат своето право на прв пик во Барклајс Центарот на 27. јуни не беа баш презадоволни од оваа понуда.

И покрај сето ова Кливленд и натаму е спремен да се одрекне од првиот пик, а интерес за придобивка на правото на прв пик покажуваат и БЛејзерси. Меѓутоа, цената по управата од тимот од Орегон би била превиска, затоа што Кавси го бараа ЛаМаркус Олдриџ, при што Портланд одби.

0 comments:

Post a Comment