Изворите додаваат дека Селтикси не одговорија на прашањето на Нетс, затоа што уште се во процес на решавање на интерните проблеми во управата. Иако Нетси го сакаат Кеј-Џи во своите редови, нема голема веројатност да се случи тоа.
Првата препрека би можела да биде дали Кеј-Џи воопшто сака да премине во Бруклин, а другите препреки би можеле да настанат кога е во прашање трејд меѓу два тима во иста дивизија. Ако Нетси се спремни да го надминат салари-кепот, Гарнет би можел да биде баш она што им треба под кошот. Би им донел профинета игра на грб во нападот, а истовремено и фантастична одбрана.
Во Бостон сеуште не се спремни да разговараат за трејдовите, се додека не најдат нов тренер и не ја стабилизираат ситуацијата во клубот. Топката моментално е во рацете на ГМ на Бостон, Дени Ејнџ.
Гарнет секако би бил значаен додакот за Нетси, но тешко Бостон да се откаже од еден од главните играчи во тимот (со Пирс) во корист на најблискиот ривал. Нетси и немаат многу што да понудат, бидејќи Гарнет вреди многу повеќе од Хамфриз, Брукс и право на прв пик од првата рунда.
А каква е ситуацијата со Бостон, ќе мењаат тренер ?
ReplyDelete