Home » , » НБА Драфт 2013: Нерленс Ноел

НБА Драфт 2013: Нерленс Ноел

Written By Unknown on 26.6.13 | 01:00

Нерленс Ноел од многумина е гледан како пик број 1 во овогодинешниот НБА Драфт, но неговото здравје е под знак прашалник. Вреди ли да се ризикува и да се избере толку високо на драфтот?

Име: Нерленс Ноел
Универзитет: Кентаки
Возраст: 19 години, 2 месеца
Позиција: Центар
Висина: 2.11м
Тежина: 93.4кг

Статистики

Предвидување за драфт позиција: Број 3
Компарација со НБА играч: Лери Сендерс, Крис Андерсен

Гледан како пик број 1 според скоро сите предвидувања, Нерленс Ноел е еден од најдобрите блокери кои се појавиле на драфтот во последните неколку години. Имаше одлични бројки во дресот на Кентаки минатата сезона, постигнувајќи 10.5 поени, 9.5 скока и 4.4 блока по натпревар, реализирајќи фантастични 59% од шутевите од поле. 

Како и да е, дури иако не заздравуваше од операцијата на искинатите лигаменти на коленото, транзицијата на Нерленс Ноел во играч од НБА калибар би била малку потешка за разлика од останатите. Како играч кој нема конкуретно тело за својата позиција и со слаба офанзивна игра, ќе биде долг патот пред да стане конкурентен центар на повисоко ниво. 

Неговото тело, како и дофатот во ширина на рацете од 2.25 метри наликува на играч од калибарот на Брдмен. Но Ноел има само 19 години и има многу простор за подобрување, како и изградување на соодвтено тело за својата позиција во НБА лигата.

Се додека не го изгради телото со кое ќе биде конкурентен на противничките НБА центри, ќе губи многу дуели во рекетот. Со неговата предност во брзината би требало да не дозволи противничките високи играчи да фатат позиција во рекетот, но тоа ќе биде тешко. 

Доколку знае да ја искористи својата скокачка предиспозција, ќе фати добра позиција во рекетот, каде што ќе може понатаму да оперира. Но, да го имате Ноел подалеку од рекетот на противничкиот кош е бессмислено. Нема сериозен шут од полу-дистанца, но покрај тоа некогаш може да послужи како добар додавач од високиот пост.

Во најдобар случај, доколку Ноел додаде повеќе маса во неговото тело и поработи на својот шут од полу-дистанца, ќе биде просечен НБА центар, кој ќе придонесува на двете страни од теренот со неговата атлетичност и висина.

Дефанзивните центри, на пример како Тајсон Чендлер и Лери Сендерс, обично не успеваат да се истакнат се до 26-тата или 27-година. Ако го драфтувате Ноел со првиот пик и чекате да се развие во доминантен висок играч се до половина од својата НБА кариера, тогаш можете да го прогласите изборот за пропаднат.



http://nbamakblog.blogspot.com/
search/label/2013%20%D0%9D%D0%91
%D0%90%20%D0%94%D1%80%D0%B0%D1%84%D1%82

0 comments:

Post a Comment