Home » , » Брајан Шо ја превзема позиција на тренер во Денвер

Брајан Шо ја превзема позиција на тренер во Денвер

Written By Unknown on 25.6.13 | 14:53

Поранешниот асистент во Индијана Пејсерс, Брајан Шо, сега е новиот тренер на Денвер Нагетс, потврдува „Denver Post“.

Брајан Шо е добро-познатиот бек, кој играше активно во НБА лигата од 1988 до 2003 година. Последните 5 сезони ги помина во ЛА Лејкерс, каде што освои три титули и стана асистент по пензионирањето од 2005-2011 година. Од тогаш, па се до пред некој ден беше асистент на Индијана Пејсерс.

Шо доаѓа во Денвер како замена за Џорџ Карл, кој беше отрфрлен од тимот откако ја освои својата прва наградата за најдобар тренер на сезоната.

Бостон беше главна дестинација за Џорџ Карл за Шо претходно, но Нагетс беа навистина загреани за неговите услуги. Претходен главен кандидат за Денвер беше и поранешниот тренер во Мемфис, Лајонел Холинс.

0 comments:

Post a Comment