Home » , » НБА Драфт 2013: Ентони Бенет

НБА Драфт 2013: Ентони Бенет

Written By Unknown on 25.6.13 | 16:33

Ентони Бенет е еден од најдобрите теленти што излегуваат од Универзитетот на Невада Лас Вегас во последно време, но колку високо заслужува да биде избран на претстојниот НБА драфт?

Име: Ентони Бенер
Универзитет: УНЛВ
Возраст: 20 години и 3 месеци
Позиција: Крило
Висина: 2.07м
Тежина: 108кг

Статистики:

Предвидување за драфт позиција: Број 1
Компарација со НБА играч: Мајкл Бизли

Ентони Бенет, несомнено најталентираниот играч од оваа генерација на колеџот во Невада, Лас Вегас, минатата сезона не успеа да направи нешто повеќе со својот тим минатата сезона. Но тоа беше проблем што зависеше од ростерот околу него, кој сепак не беше доволно конкурентен. 

Низ сезоната, Бенет постигнуваше по 16 поени, 8 скока и 1.2 блока по натпревар, на 53% реализација од поле и 70% од линијата за слободни фрлања.

Ова се солидни бројки за играч од неговата класа, но тие не ја покажуваат офанзивната експлозија која што може Бенет да ја покаже. За висина од 2 метри и тежина од 108 килограми има голема атлетичка предиспозиција и е одличен поентер на крилната позиција.

Опасен е дури до линијата за три поени, а способноста да ја спушти топката на паркетот, одличниот дриблинг и експлозивноста околу обрачот за таа висина ја надополнуваат неговата игра. Кога ќе му проработи шутот за три поени, многу е тежок за да се запре. Доколку го оставите Бенет во натпревар 1-на-1 против целата драфт класа, лесно би ги победил сите. 

Но сепак, НБА кошарката не е 1-на-1 игра, туку е тимски спорт. Со оглед на тоа колку лош беше нападот во УНЛВ, акциите најчесто завршуваа со изнуден шут на Бенет, но доколку сака да биде примарно офанзивно оружје за својот тим во НБА лигата ќе мора да ја подобри својата игра во додавањето. 

Како и кај повеќето елитни офанзивни играчи, проблем е одбраната. Истото е и со Ентони Бенет. На почетокот ќе има доста проблеми со своите НБА противници, но со оглед на неговиот талент и ентузијазам има голем простор за подобрување. 

Со своето тело, одлично би се вклопил во тимот кој бара ниска петорка и би играл на позицијата PF. Би можел да игра одбрана врз поголеми 4ки, а исто така и на периметарот околу линијата за три поени. 

Како 20-годишен талент кој самошто направи операција на неговото рамо, Бенет е далеку од готов продукт, но има најмногу простор за подобрување во овогодинешната драфт класа.

0 comments:

Post a Comment