Home » , » Сан Антонио поставува рекорд за најмногу тројки во еден натпревар од финалето

Сан Антонио поставува рекорд за најмногу тројки во еден натпревар од финалето

Written By Unknown on 12.6.13 | 13:25

Тимот на Сан Антонио Спарс беше едноставно маестрален во победата од 113-77 во третиот натпревар од големото Финале против Мајами Хит. 

Момците на Попович играа феноменална одбрана, со што повторно му зададоа многу проблеми на ЛеБрон Џејмс (15 поени, 7-21 од поле), додека нападот беше уште подобар. 

Нивното главно оружје беше шутот за три поени, со што максимално го уништија тимот на Сполстра. Спарси реализираа 50% од шутевите за три поени, постигнувајќи вкупно 16 тројки, со што поставија рекорд за најмногу тројки во еден натпревар од финалето.


Патот го предводеа Гери Нил и Дени Грин, кои исконбинираа за да погодат 13 тројки вкупно, со реализација 13-19. Гери Нил на крајот заврши со 24 поени и 6-10 реализација од линијата за три поени, додека Дени Грин погоди 7 тројки од 9 шута, што беше доволно за негови 27 поени. Покрај нив, се покажаа и Тим Данкан со 12 поени и 14 скока во 29 минути и Каваи Леонард со 14 поени, 12 скока и 4 украдени топки во 30 минути на паркетот.

0 comments:

Post a Comment