Home » , » Чудесната судбина на Двејн Дејвис

Чудесната судбина на Двејн Дејвис

Written By Anonymous on 26.6.13 | 15:16

Животот е чудо. Приказната на Двејн Дејвис, младиот американски кошаркар кој оваа година би можел да се појави на НБА драфтот, сигурно ќе послужи како пример дека и покрај сите пречки во животот, соништата можат да се остварат.

Пред точно десет години, тогаш 13 - годишниот Двејн беше сведок на семејна трагедија. Кога стигна дома после училиште, пред куќата во која што живееше затекна многубројни цвеќиња и балони. “Супер, мама се врати од болница“, помисли Двејн. Но, не беше така. Неговата мајка за жал почина.

Цел негов свет тогаш се сруши. Остана сам, со својата помлада сестра и братот кој тогаш беше бебе. Неговиот татко одамна го напушти, а очувот не беше во состојба да ги издржува. Беше препуштен самиот на себе.

Мораше да се соочи со многу препреки, иако беше дете. Често со својата сестра спиеше во прифатилишта за бездомници или во старото комбе на мајка си. Сестрата ја возеше до школо, многу пред да биде доволно стар за да добие возачка дозвола. Заработуваше за храна така што продаваше украдени стари “Playstation“ конзоли.

“Три личности кои спијат в кола, незнаејќи ни кога следен пат ќе јадат. Беше многу тешко. Тешко е кога имате многу роднини во фамилијата, а не сакате да ги молите за помош. Сакате сите проблеми да ги решите сами, да не зависите од другите“ - се присеќа гордиот Двејн.

Сепак, успеа да побегне од тој пекол. Стана прв член во фамилијата кој стекнал факултетско образование.

И многу повеќе од тоа. Сега е на добар пат да заигра во НБА. Кошарката, е негов спас. Од мал имаше талент за спорт. Во родниот крај во Филаделфија беше нарекуван “Rifleman“ (човек со пушка), затоа што умееше да ги решета противниците на кошаркарските паркети.

Пресудна улога во неговата кариера имаше Стен Лоуз, човекот кој го тренираше во средно школо. Освен тоа што му помагаше да стане одличен кошаркар, Лоуз се потруди да го задржи што подалеку од улица. Го прифати како свој, го ранеше, се грижеше за него...

На колеџ Двејн израсна како вистински човек. Си постави приориритети, се формира како играч, ја унапреди својата физичка спремност. Од незрел тинејџер премина во права атлета. Стекна работна етика. Потполно созреа.

Кога требаше да оди во Чикаго да тренира со тимот на Булс, тимот му помуди лимузина да оди по него, меѓутоа тој одби, велејќи дека не му смета да оди со такси.

Сметан е за еден од најперспективните играчи во Пенсилванија. Единствена маана е што често знае да експлодира. Сета таа несреќа во животот остави последици во него. Неретко се случуваше да се скара со тренерот или да му се нафрли на судијата.

Но, тоа и натаму не го доведува до прашање неговиот одличен талент. Оваа година блескаше во НБА камповите, па како резултат на тоа сигурно ќе следи излегување на НБА драфтот. Му останува уште малку до остварување на сонот. Се зависи од него.

0 comments:

Post a Comment