Home » , » Историјата на натпреварот 7. во НБА Финалињата

Историјата на натпреварот 7. во НБА Финалињата

Written By Anonymous on 20.6.13 | 18:38

 Секој 7. натпревар е многу важен, без разлика на рундата во плејофот. Прашање на живот или смрт е секој 7. натпревар. По 6 тешки натпревари во рундата, серијата се сведува на само еден натпревар од 48 минути (доколку нема продолжение) кој ќе реши се. 

Но, овде во прашање е 7. натпревар во НБА Финалето. Еден натпревар ќе реши се. 7. натпревар е подарок од Боговите, како што велат во Америка. Подарок кој Боговите не го подаруваат секоја година.

Низ историјата се изиграле 17. седми натпревари во НБА Финалето. Но, во последните 34 години НБА Лигата како и нејзините фанови беа сведоци само на 6. седми натпревари во финалето.

7. натпревар од НБА Финалето по декади:

1950. години: 5 (51, 52, 54, 55, 57)
1960. години: 4 (60, 62, 66, 69)
1970. години: 3 (70, 74, 78)
1980. години: 2 (84, 88)
1990. години: 1 (94)
2000. години: 1 (05)
2010. години: (10, 13)

Вечерашниот натпревар ќе биде прв 7. натпревар во историјата на Мајами Хит додека пак втор за Сан Антонио, кој после ваков натпревар во 2005. година ја освои титулата пред Пистонс.
Спарси имаат искуство во овој натпревар на кој се оди на се или ништо. Тим Данкан, Тони Паркер, Ману Џинобили и Попович беа дел од тимот од 2005 година - и веќе имаат играно ваков натпревар.

Но, овој пат на Флорида, во Мајами, тие ќе пробаат на гости да ја освојат титулата и да ја освојат 5. титула во историјата на франшизата. Но ќе биде тешко, според статистиките и фактите во 17те седми натпревари низ историјата, домаќините славеле дури 14 пати - процент на победа 82.4.

Спарси две од нивните четири титули прославија на гости, првата во 1999. во Њу Јорк (по 5 натпревари) и во 2007. во Кливленд (по 4 натпревари). Истото ќе се случи доколку Спарси ја освојат титулата вечерва. Ќе ја прослават пред публиката во Мајами.
Победи на гости во 7. натпревар од НБА Финалето:

1969: Бостон над Лејкерс среде Лос Анџелес - 108:106
1974: Бостон над Бакс среде Милвоки - 102:87
1978: Вашингтон над Супер Соникси среде Сиетел - 105:99

Доколку Спарси го победат 7. натпревар среде Мајами ќе испишат интересна историја победувајќи ги сите плејоф серии во оваа сезона на гости. Лејкерси по резултат од 4-0 беа елиминирани дома, Голден Стејт по резултат од 4-2 беа елиминирани дома, а исто така и Мемфис по 4-0. Сите тимови кои се сретнаа со Спарси во овогодинешниот плејоф беа елиминирани пред своја публика, освен Мајами.

Ова ќе биде “само“ трет 7. натпревар за Данкан во неговата 16 - годишна кариера. Низ кариерата изигра засега 210 плејоф натпревари и само 3 пати го вкуси вкусот на 7. натпревар. 2 од тие три 7. натпревари победи, додека пак еден загуби. Една победа е и таа од 2005. година против Детроит.
На другата страна на “паркетот“ е ЛеБрон Џејмс, кој низ кариерата има настапено во четири 7. натпревари. Во плејофот има изиграно 137 натпревари низ неговата 10 - годишна кариера. Џејмс е на скор од 2 победи и 2 порази во 7. натпревар во било која серија. Низ овие четири 7. натпревари бележи 33.8 поени и 8.3 поени, пред вечерашниот натпревар.
Додека ЛеБрон бележи 33.8 поени во четири плејоф 7. натпревари, ниеден ваков натпревар нема изиграно во финалето. За пример, легендата на Лејкерси Џери Вест бележи 35.3 поени во четири 7. натпревари во НБА Финалето. Вест има три од ТОП 8те најдобри перформанси во историјата на натпреварот 7. во НБА Финалињата, вклучувајќи ги и 42. поени против Бостон во далечната 1969. година.


Најмногу поени постигнати од еден играч во 7. натпревар од НБА Финалето:

Џери Вест - 42 (1969, Лејкерс - Бостон)
Елџин Бејлор - 41 (1962, Лејкерс - Бостон)
Боб Петит - 39 (1957, Милвоки - Бостон)
Том Хеиншон - 37 (1957, Милвоки - Бостон)
Џејмс Ворти - 36 (1988, Лејкерс - Детроит)
Валт Фрејзер - 36 (1970, Њу Јорк - Лејкерс)
Џери Вест - 36 (1966, Лејкерс - Бостон)
Џери Вест - 35 (1962, Лејкерс - Бостон)
Во 7. натпревар од финалето од 1969. година Вест оствари трипл-дабл учинок, тоа беше прв во историјата на таквите натпревари, а неколку година подоцна поточно во 1988, Џејмс Ворти оствари нов против Детроит. 

Трипл-дабл учиноци во историјата на 7. натпревар во НБА Финалето:

Џери Вест - 42 поени, 13 скока и 12 асистенции (1969, Лејкерс - Бостон)
Џејмс Ворти - 36 поени, 16 скока и 10 асистенции (1988, Лејкерс - Детроит)
Двајцата беа именувани за МВП на Финалето поради големите натпревари кои ги изиграа, но за разлика од Вест, Ворти во своите раце ја држеше титулата, додека пак Вест беше именуван за МВП, но не ја освои титулата. Тоа и натаму е единствен случај во историјата.

Единствен играч кој може да им се приклучи на Вест и Ворти во 7. натпревар од финалето со трипл-дабл е ЛеБрон Џејмс, кој има остварено четири трипл-дабл учиноци во НБА Финалето.

Интересен факт исто за 7. натпревар од НБА Финалето е тоа дека Расел го држи рекордот на ваквите натпревари по бројот на скокови (40). Исто така тој е без “грешка“ во овие натпревари и е на скор од 5-0.
Селтикси и Лејкерси имаат најмногу одиграни натпревари во 7. натпревар од НБА Финалето. Ова не е многу изненадувачки пред се особено поради што овие два тима имаат најмногу титули 17 (Селтикси), односно 16 (Лејкерси).

Најмногу учества во 7. натпревар од НБА Финалето (рекорд):

9: Минеаополис/Лејкерс (4-5)
8: Бостон Селтикс (7-1)
4: Њу Јорк Никс (1-3)
3: Детроит Пистонс (0-3)

Исто така Лејкерси и Селтикси имаат најмногу победени натпревари во овој 7. натпревар од НБА Финалето, 7 односно 4. Последниот ваков натпревар го одиграа во не баш далечната 2010. година кога Лејкерси беа подобри.
Ова е првиот таков натпревар во финалето, после тој од 2010. Поминаа 3 години. Дали натпреварот ќе се решава на крајот вечерва? Или ќе биде решен веќе кон 2/4 или 3/4 од натпреварот?

Сепак, по малата драма во 6. натпревар, Спарси и Хит би требало да одиграат ваков натпревар и вечерва.

Во историјата на 7. натпревар од финалето, многу натпревари беа тесни, со разлика околу 10-17, но исто така има некои натпревари кои биле со по 6 разлика или помалку. Две титули беа решавани на продолжене, по што во регуларниот дел од натпреварот 7. од НБА Финалето било нерешено.

Тимови од НБА Финалето во 7. натпревар кои титулата ја решавале на продолжение:

1957: Селтикси по победата над Хокси 125-123 (ОТ)
1962: Селтикси по победата над Лејкерси 110-107 (ОТ)

13 натпревари се решени, но со помала разлика (едноцифрена), со двоцифрена разлика се решени четири титули. Селтикси ја имаат најголемата победа во 7. натпревар од НБА Финалето победувајќи ги Хокси со дури 19 поени разлика во 1960 година.

Најтесниот натпревар во ваквите натпревари е изигран во 1955. година помеѓу Натионалс и Пистонс кој заврши во полза на Пистонс со резултат од 92-91.

Ние само можеме да се надеваме дека и вечерва ќе гледаме ваков натпревар.

0 comments:

Post a Comment