Home » , » Крис Пол останува во Клиперс со 5-годишен договор

Крис Пол останува во Клиперс со 5-годишен договор

Written By Unknown on 1.7.13 | 11:49

Крис Пол наскоро и официјално ќе потпише пет-годишен договор, вреден $107 милиони долари со Лос Анџелес Клиперс.

Договорот неможе да биде потпишан официјално пред 10. Јули, но Пол може да се согласи на сите детали од договорот пред да потпишан.

Беше доста очигледно дека Пол не е задоволен од ситуацијата во Ел-Еј и дека беше спремен за заминување, но веднаш што Док Риверс го наследи Вини Дел Негро на тренерската позиција, работите се сменија. Сега, јасно и гласо Пол изјави дека е задоволен од новиот тренер и дека има желба да остане во Клиперс.

Крис Пол сега ќе се врати во тимот во кој ги помина последните две сезони, каде што маестрално го предводеше тимот на Клиперс. Под палката на Док Риверс, очекувањата за новата сезона на Клиперс се зголемуваат, а Крис Пол ќе треба повторно маестрално да го води својот тим, како тоа што го правеше во претходните две години. Пол, Блејк Грифин и ДеАндре Џордан ќе имаат шанса да работаат со нов тренерски состав, кој не само што ќе ги стави во позиција да победуваат, туку ќе им даде и мотивација за победа.

Пол постигнуваше по 16.9 поени, 9.7 асистенции и 3.7 скока во просек минатата сезона, освојувајќи ја наградата за MVP на Ол-Стар натпреварот, додека своите Клиперси ги предводеше до најдобрата регуларната сезона во историјата на тимот со 56 победи.

0 comments:

Post a Comment