Home » , » Рокетс имаат најголема предност во трката за Двајт Хауард

Рокетс имаат најголема предност во трката за Двајт Хауард

Written By Unknown on 1.7.13 | 12:19

Двајт Хауард, кој е слободен играч од денеска, ќе разговара со пет тима пред да одлучи кој ќе му понуди најдобар договор за да потпише.

Од овие пет тима, Хјустон Рокетс имаат најголема предност во трката за Ол-Стар центарот Хауард. Тие ќе се обидат да му понудат 4-годишен договор, а доколку Хауард се согласи, со моменталниот ростер и уште неколку промени околу него, тимот на Хјустон ќе биде тим со шампионски амбиции од наредната сезона. 

Хјустон исто така ќе биде првиот од петте тима со кој Хауард ќе разговара. Далас Маверикс, Атланта Хокс, Голден Стејт Вориорс и неговиот сегашен тим Лос Анџелес Лејкерс се останатите тимови, со кои ќе разговара до среда.

Лејкерс би сакале да ја продолжат соработката, но тоа ќе биде потешко со оглед на ситуацијата во која се наоѓаат, со Мајк Д'Антони на тренерската позиција и системот кој тој го воведува. Исто така и финансиската позиција е негативна во Ел-Еј. Тие можат да му понудат четири-годишен договор, вреден 30 милиони долари.

Голден Стејт Вориорс и Далас Маверикс се исто така во позадина. Вориорс ќе мора да се обидат да го здобијат со sign-and-trade договор, при што Хауард ќе мора да потпише со Лејкерс, па заедно со неговиот договор да се пресели во Оукленд. Маверикс имаат финансии, но имаат некомпетентен ростер. Освен тренеренот Рик Карлајл и Дирк Новицки, нема други звучни имиња во составот на тимот од Тексас. 

Атланта Хокс пак, исто така имаат доволно финансии и простор, но Хауард е најмалку заинтересеиран за потпишување на договор со нив.

0 comments:

Post a Comment