Home » , » Томас Робинсон трејдуван во Портланд ТреилБлејзерс

Томас Робинсон трејдуван во Портланд ТреилБлејзерс

Written By Unknown on 1.7.13 | 12:30

Хјустон Рокетс го направија последниот потег со што би ослободиле простор за доведување на Двајт Хауард во нивниот тим. Тие го трејдуваа Томас Робинсон во Портланд и исчистија $3.5 милиони долари од нивните финансии.

Во замена за Робинсон, Блејзерс ќе испратат два пика од втората рунда од драфтот во наредната сезона и право за избор на двајца играчи од Европа, кои наводно се Костас Папаниколау и Марко Тодоровиќ. Договорот неможе да биде завршен пред 10. Јули, но тимовите можат меѓусебно да се договорат на сите детали.

Ова ќе биде трет тим за Томас Робинсон од почетокот на неговата НБА кариера лани, откако беше драфтуван од Сакраменто Кингс со петтиот пик, па беше трејдуван во Хјустон Рокетс на половина од минатата сезона, а од минатата сезона ќе игра во Портланд. 

Во својата прва сезона, Робинсон постигнуваше по 4.8 поени и 4.5 скока во 15 минути по натпревар во просек, а се појави во 70 натпревари.

0 comments:

Post a Comment