Home » , » Пековиќ го обнови договорот со Тимбервулвс

Пековиќ го обнови договорот со Тимбервулвс

Written By Anonymous on 10.7.13 | 22:05

Новата ѕвезда на Минесота Тимбервулвс се вика Никола Пековиќ. Без никакво сомнение ќе го наполни својот новчаник со пари, затоа што во следните 4 години кои ќе ги одигра веројатно во Минесота ќе заработи 50 милиони долари.

Имено, бившиот играч на Партизан со тимот на “Волците“ се врза преку 4 - годишен договор. За тоа, управата од Минесота ќе му исплати 50 милиони амерички долари. Ако може да се каже за снажниот центар на Црна Гора, е тоа дека сите овие пари ги заслужи со напорна работа и допринос на теренот.

Минатата сезона одигра само 62 натпревари на кои просечно постигнуваше по 16.3 поени со 8.8 скока. Да немаше проблеми со повредата, веројатно неговиот учинок ќе беше сосема подобар.

0 comments:

Post a Comment