Home » , » Џилберт Аринас ќе заработи 22 милиони долари од Орландо, иако не игра

Џилберт Аринас ќе заработи 22 милиони долари од Орландо, иако не игра

Written By Anonymous on 10.7.13 | 22:35

Порашениот НБА кошаркар Џилберт Аринас, кој славата ја стегна не само поради фантастичните партии, туку и поради своите “фантастичните“ потези од теренот, наредната сезона ќе биде дури трет најплатен играч во НБА лигата, иако најверојатно нема да има клуб во кој ќе игра.

Кога во 2010. година управите на Орландо и Вашингтон одлучија да ги разменат тогашните играчи Рашад Луис и Џилберт Аринас, се требаше да биде вака: двата клуба променија фантастични играчи кои требаа да станат лидери на тимовите. Меѓутоа, излезе дека овој трејд е еден од најлошите во историјата.

Имено, Рашад Луис по доаѓањето во Визардс стана само бледа сенка на квалитетен играч одигрувајќи само 60 натпревари. Тотален шок доживеаа “Магичните“ од Флорида. Од Џилберт Аринас очекуваа квалитетна продукција, но тој за тимот одигра само 49 натпревари.

Овие двајца играчи тогаш имаа преостанати договори тешки дури 160 милиони долари и денес важат како тандем на најпреплатените играчи во модерната кошарка. Со цел да го ослободат салари кепот за 62 милиони долари, управата на Меџик одлучи да го амнестира Џилберт Аринас по лок-аутот во 2011. година.

Меѓутоа, тоа што го амнестираа, освен што им ослободи буџет, не ја ослободи управата на клубот од финансиските обвски кон кошаркарот. Џилберт Аринас кој кариерата ја заврши по амнестирањето од Орландо, кој за време на деновите поминати таму шутираше катастрофални 27% за три поени и 34% од поле “придонесуваше“ со 8.0 поени во просек, набрзо беше избришан од НБА мапата.

Меѓутоа, неговите примања не исчезнаа. Имено управата на Орландо минатата сезона, во која Аринас играше во кинеската лига и бележеше одлични партии во просек по 21.0 поени со 50% од поле, на овој играч му исплати 20.807.922 милиони долари.

Иако “Агентот 0“ имаше солидна мината сезона во Кина, малку е веројатно дека некој тим ќе го побара во НБА лигата. Дури и тоа да го направи, гледајќи на тоа дека спаѓа во категорија на ветеран затоа што одигра 10 или повеќе НБА сезони, би можел само да се надева на минимален ветерански договор вреден 1.3 милиони долари.

А, следната сезона Орландо треба да му плати 22.346.536 милиони долари. А, колку е оваа сума висока зборува и податокот дека само двајца играчи ќе земаат повеќе плата од него. Станува збор за неприкосновениот Коби Брајант кој ќе заработи 30,5 милиони долари и Дирк Новицки кој ќе заработи околу 22.7 милиони долари.

Компарации се прават, едно од изненадувањата од минатата сезона, крилниот играч на Хјустон Чендлер Персонс наредната сезона ќе заработи “дури“ 926.500 долари. А, кошаркарот на Хјустон во текот на минатиот плеј-оф просечно бележеше 18.2 поени и 6.5 скока. Сепак, вакви работи, освен што се загрижувачки за целниците на Орландо, обичните љубители на НБА лигата не ги загрижува премногу.

Но, НБА лигата секогаш живела под слоганот - “Where Amazing Happens“...

0 comments:

Post a Comment