Home » , » Ендру Блеч останува во Бруклин Нетс, Бадинџер во Минесота

Ендру Блеч останува во Бруклин Нетс, Бадинџер во Минесота

Written By Unknown on 3.7.13 | 00:33

Ендру Блеч се согласи да ја продолжи соработката со Бруклин Нетс. Се работи за уште еден едно-годишен договор, вреден 1.4 милиони долари.

Откако беше амнестиран од Вашингтон Визардс пред две години, Блеч минатата сезона ја одигра со Нетс, откако потпиша едно-годишен, пробен договор. Играше солидно и покажа дека останал во доволно добра форма за сеуште да се натпреварува на високо ниво. 

Бројките и продукцијата од минатата сезона се добри, но најинтересниот дел од целата приказна е што ќе се случува наредната сезона и како Блеч ќе се вклопи во новиот тим на Нетс, сега предводен од ветераните Пол Пирс и Кевин Гарнет. Интригира фактот што Блеч никогаш не бил познат по тоа што дава се од себе и секогаш наоѓа замерки во нешто, а тоа е баш оној тип на играч каков што мрази неговиот нов соиграч, Кевин Гарнет. Оваа врска ќе биде интересна да се разгледа и да видиме дали Гарнет ќе има ефект врз играта на Блеч. 

Ендру Блеч минатата сезона постигнуваше по 10.3 поени и 5.1 скок во само 19 минути по натпревар, додека имаше солидна реализција од 51.2% од поле.

Слично како и во случајот со Блеч, и Чејс Бадинџер му се враќа на тимот со кој одигра само една сезона, односно минатата. Овојпат двете страни се согласија на три-годишен договор, кој ќе вреди 16 милиони долари.

Бадинџер е баш оној експлозивен крилен играч што им е потребен на Тимбервулфс, но тој не успеа да го докаже целиот свој потенцијал минатата сезона бидејќи отсуствуваше во поголемиот дел од сезоната поради повреда (одигра само 23 натпревари).

Ова е одличен договор и за двете страни. Минесота го разбира талентот и потенцијалот на младиот Бадинџер, кој пак одлично се вклопува во истиот тим. Неговата атлетичност ќе им биде потребна во контра-нападите, особено со асистенциите на Рики Рубио и долгите пасови на Кевин Лав. 

Додека се здрави, Тимбервулфси се плејоф тим, но за жал минатата сезона ја немаа таа среќа, иако изградија солиден тим. Она што им недостасува е шутерски бек, кој малку ќе ја рашири играта. Сеуште има добри такви опции на маркетот, кои можат да ја подобрат бројката од 30% реализција за три поени минатата сезона за тимот на Минесота. 

0 comments:

Post a Comment