Home » , » Нов трејд со три тима: Џ.Џ. Редик во Клиперс, Бледсо во Санс

Нов трејд со три тима: Џ.Џ. Редик во Клиперс, Бледсо во Санс

Written By Unknown on 3.7.13 | 00:48

Лос Анџелес Клиперс, Феникс Санс и Милвоки Бакс се сложија да направат трејд од три тима, каде што Џеј-Џеј Редик и Џеред Дадли одат во Клиперс, Ерик Бледсо и Карон Батлер во Санс, а Бакс добиваат два пика од втората рунда на драфтот следната година.

На Клиперси им недостасуваа неколку работи за да станат вистински претендент. Една од тие беше потребата од шутерски бек, кој што ќе го рашири теренот. Со добивањето на Редик и Дадли, Клиперси сега се сериозен тим во Западната конференција.

Тука доста добива и Феникс, со добивањето на Ерик Бледсо. Младиот плејмејкер ќе придонесе многу во нивната одбрана, а и ќе придонесе на брзото темпо на игра на овој тим. Во Батлер добиваат добар крилен шутер, кој ќе помогне во играта за три поени.

Но сепак овој потег е најдобар за Клиперс - Редик одлично се вклопува во тимот, а е еден од најдобрите шутери во лигата. Крис Пол одлично ја растура противничката одбрана и ги наоѓа отворените шутери, Блејк Грифин наоѓа отворени простори и одлично напаѓа на кошот, а Редик треба само да ги најде тие отворени простори и да погоди неколку шута. Плус, Редик ја има подобрено својата игра која не зависи само од шутот. Во Џеред Дадли добиваат уште еден одличен шутер на крилната позиција, кој фактички ќе биде надоградување на Карон Батлер. 

Милвоки сега не добива ништо, но со оглед на фактот дека и онака ќе го изгубеа Редик за ништо, вака си придобија неколку драфт пика следната сезона. Како и да е, Клиперс се големите победници тука.

0 comments:

Post a Comment