Home » , » Двајт Хауард го одбра тимот на Хјустон

Двајт Хауард го одбра тимот на Хјустон

Written By Anonymous on 6.7.13 | 12:12

Еден од најдобрите играчи во НБА лигата, и еден од најдобрите слободни играчи ова лето, поранешниот центар на Л.А. Лејкерс, Двајт Хауард, пронајде нов тим. Тоа е тимот на Хјустон Рокетс.

“Одлучив да станам нов член на Хјустон Рокетс. Чувствувам дека тоа е најдобро место за мене. Возбуден сум поради приклучувањето кон Рокетс и одвај чекам да започне сезоната“ - порача 27 - годишниот Хауард.

Лејкерси со заминувањето на Хауард ќе изгубат одличен играч, но ќе им останат околу 30 милиони долари во салари-кепот, кои ке можат да ги искористат за доведување на нови играчи.

“Информирани сме околу одлуката на Двајт дека не се враќа во Лејкерс. Секако дека сме разочарани. Меѓутоа, сега ќе трнгме во сосем друга насока со мислите кон иднината и како и секогаш ќе се обидеме да изградиме најдобар тим на кој нашите навивачи ќе бидат горди“ - вели ГМ на Лејкерс Мич Купчак.

Двајт исто така беше заинтересиран за преминување во Далас, Голден Стејт и Атланта, но Хјустон ја победи конкуренцијата, па некогашниот играч на Орландо ќе оди по стапките на легендарните центари на Рокетс Хаким Олајџуван и Јао Минг.

Минатата сезона Хауард во Лејкерс беше на просек од 17.1 поени и 12.4 поени во 76 одиграни натпревари, што се добри бројки, но далеку од оние што ги имаше во осумте сезони поминати во Орландо. Сепак, треба да се каже дека пред сезоната се опорави од операцијата на грбот, што влијаеше на неговите изведби, посебно на почетокот на сезоната.

Како и да е, најдоминатниот центар на денешницата, кариерата ќе ја продолжи во Рокетс кои можеа само да му понудат 4 - годишен договор вреден 88 милиони долари, година дена пократок и “посиромашен“ од 118 милиони евра кои Лејкерси ги нудеа лани. Трансферот не може да биде објавен до 10. јули кога ќе биде одреден салари-кепот за следната сезона.

0 comments:

Post a Comment