ГМ на Бостон, Дени Ејнџ вчера потврди дека зелените добија нов тренер. Станува збор за досегашниот тренер на универзитетот Батлер, Бред Стивенс (36), а со овој избор задоволен е и најтрофејниот тренер во историјата на НБА лигата, популарниот “Зен Мастер“.
“Би сакал да му честитам на Ејнџ поради тоа што го постави Бред Стивенс за главен тренер. Тој има став на прав и вистински лидер. Се надевам дека Бред својот талент ќе го покаже и во неговото НБА патување“ - напиша Фил Џексон на својот “Twitter“ профил.
0 comments:
Post a Comment