Home » , » Џ.Р. Смит останува во Њу Јорк

Џ.Р. Смит останува во Њу Јорк

Written By Anonymous on 4.7.13 | 18:39


Најдобриот шести играч од минатата сезона, Џ.Р. Смит се договори со управата на Никси околу продолжување на соработката. Тој ќе потпише 4 - годишен договоро вреден 24.7 милиони долари.

Џ.Р. Смит имаше одличен учинок во текот на регуларната сезона, но во плеј-офот практично “испари“ од теренот. Сепак, партиите од регуларниот дел од сезоната беа доволна причина на челниците на Никс да го задржат овој играч.

Според сите достапни информации, Смит ги прифати условите на 4 - годишниот договор кој ќе му донесе 24.7 милиони долари. Џ.Р. Смит минатата сезона од клупата постигнуваше 18.1 поен со 5.3 скока по натпревар.

Сепак, во плејофот неговиот процет на шут падна на само 33% реализација и за Никси постигнуваше само 14.3 поени и 4.7 скока по натпревар.


0 comments:

Post a Comment