Home » , , , » Преглед: 30 години од владеењето на Штерн

Преглед: 30 години од владеењето на Штерн

Written By Unknown on 4.2.14 | 16:25

Денес, по 30 години на чело на НБА лигата во пензија оди најдолговечниот “верник“ на лигата, господниот Дејвид Штерн. Под негово водство лигата од скоро банкротирана (17 тимови беа во прогласен банкрот) дојде до статус на најпрофитабилен глобален бренд (приходот на лигата порасна за 500%) низ феноменален маркетинг и различни финансиски потези од кои се истакнува салари-кепот.

Да се вратиме малку во минатото. Штерн соработката со НБА лигата ја започна во 1966 година. По завршувањето на студиите по право на факултетот Колумбија станува советник на лигата под водство на Волтер Кенеди. Неговиот подем се продолжува, и во 1978. година станува главен советник на Лери О'Бриен, а тој во 1980. година го унапредува во извршен потпретседател на лигата. Во овој период се донесени две многу важни одлуки, во кои голема улога имаше и Штерн, а тоа се контролата за допинг и салари кепот.
  stern-jordanШтерн лигата во целост ја презема на 1. февруари 1984 година, од споменатиот О'Бриен, а имаше среќа што таа година на драфтот се појавија 4 идни големи ѕвезди на лигата - Хаким Олајџуван, Мајкл Џордан, Чарлс Баркли и Џон Стоктон, а не смее да ги заборавиме и Лери Брд и Меџик Џонсон чие ривалство во тоа време го достигна својот врв. Можеше да започне развојот на НБА лигата: неверојатни натпревари, играчки и тимски достигнувања, најнеизвесни плејоф серии, проширување на лигата и преселување на тимовите... 121026011218-102512-david-stern-hakeem-olajuwon-draft-pic-video-playerДејвид Штерн е веројатно најдобар комесар во историјата на сите спортови, го преживеа повлекувањето на Џордан , 4 лок-аута (95', 96', 98/99 и 2011' година), воведе нови 7 франшизи од кои две од Канада (Ванкувер и Торонто во 1995), во 1997. година ја “отвори“ женската НБА лига која брои 12 екипи и развојната НБА лига каде играат играчи кои не успеале да склопат договор со НБА тимовите. Покрај тоа го покрена и хуманитарниот програм под име “NBA Cares“ кој досега има донирано околу 215 милиони долари за различни цели. А како Штерн им ја “приближи“ НБА лигата на оние кои не живеат во Америка? Во 1999. година е отворена телевизијата “NBA TV“ преку која можат да се следат сите случувања во НБА лигата. Исто така е измислен и “NBA League Pass“-от преку кој можат да се гледаат сите натпревари во живо преку компјутер, телефон, таблет и сл. Покрај тоа отвори и 11 установи надвор од Америка и лигата моментално се пренесува во 215 земји на 43 јазици.

НАЈВАЖНИТЕ СЛУЧУВАЊА И ПРОМЕНИТЕ ВО ЛИГАТА ПОД ВОДСТВО НА ШТЕРН

Измислувањето на салари-кепот кој се применува од сезоната 1984/85 поради еднаквости помеѓу тимовите во лигата е несомнено едно од најдобрите нешта кои ги воведе Штерн за време на неговото “владеење“. Првата сезона салари кепот изнесуваше 3.6 милиони долари за сите тимови (просечната плата беше 330 илјади долари), но беа дозволени различни права кои на тимовите им даваа можност да ги задржат своите играчи на кои им истекол договорот. Таквото право е наречено “Larry Bird Exception“ затоа што Селтикси први ја искористија оваа опција за да го задржат Брд. Денес салари кепот е на 58,7 милиони долари, а просечната плата на еден играч е 5.2 милиони долари. Кога Рокетси во сезоната 1983/84 намерно губеа натпревари и така си осигураа шанса за прв пик на драфтот (го избраа Олајжуван) лигата беше загрижена дека и другите тимови ќе почнат намерно да губат натпревари затоа што на факултетот Џорџтаун се развиваше доминантниот центар Патрик Јуинг. Лигата разви систем на лотарија по која 7те екипи со најлош скор ќе имаат шанси да стигнат до 1. пик на драфтот, а сето тоа одеше во живо на ТВ. Можеме да споменеме дека Никси со својот 4. најлош скор во таа измината сезона во 1985. година како прв пик го избраа Патрик Јуинг. Во 1987. година лигата се прошири за 4 тимови - Хит, Меџик, Хорнетс (сега Пеликанс) и Тимбервулвс, а лигата почна да се пренесува и на телевизијата ТНТ од 1988. година кога тие добија права за пренос на натпреварите. Формирањето на Дрим Тимот од 1992. година му се допадна на целиот свет. Челниците на лигата не беа баш загрижени за оваа идеја, но остатокот од светот бараше во Барселона да ги види најдобрите кошаркари на светот во еден тим. Желбата им се исполни. Сите сакаа да летаат како Џордан, да играат како Џонсон, да шутираат како Брд или пак да играат одбрана како Пипен. Додека пак некои се угледуваа на незгодниот Баркли кој правеше шоу во и надвор од теренот. Првиот лок-аут беше во 1995. година, а сопствениците со играчите успеаа да се договорат до средината на септември. Најважна одлука за време на тој лок-аут беше воведување на руки скалата бидејќи тогашниот прв пик на драфтот - Глен Робинсон бараше договор од 100 милиони долари за 13 години од Бакси, а на крајот доби само 68 милиони на 10 години. Кружеше приказна дека Робинсон влегол во канцеларијата на сопственикот Херб Кол и побарал договор вреден 100 милиони долари, на што Херб му вратил: “Дај ми ти мене 100 милиони долари и еве ти го целиот тим.“ Поголем проблем предизвика штрајкот во 1998. година кога сопствениците се побунија на се поголемите плати на играчите. Имено, Кевин Гарнет пред тој лок-аут доби 126 милиони долари за 6 години, па така сопствениците во соработка со Штерн сакаа да ги лимитираат платите на играчите на одредена висина. Штерн успеа да го реши и овој проблем така што ги придоби играчите кои беа помалку платени. Преговорите беа макотрпни и таа година на се одигра Ол-Стар натпреварот. Еден голем играч и помогна на лигата да стигне до повеќе пари, а тоа е Јао Минг кој го отвори најголемиот пазар на светот, кинескиот и тоа за целата лига. Неговата одлична игра во Хјустон помогна лигата да се рашири и во Кина. Колона од навивачи од Кина престојуваше во Америка за да го гледаат Минг, а послабите НБА играчи добија шанса својот талент да го покажат во помалку развиената кинеска кошаркарска лига каде беа феноменално платени. Од 2004. до 2008. година беа донесени неколку сумливи и чудни одлуки од страна на лигата. Прво се укинаа “hand check“ правилата поради тоа што на повеќето навивачи поинтересно им беше да гледаат како играчите даваат поени отколку да гледаат како играат одбрана со сите можни средства. Во тоа и успеаа, а најдобри показатели за тоа е бројот на поени на 100 поеседи на топката. Во сезоната 2003/04 тимовите во просек постигнуваа по 103 поени, а по ова воведено правило бројот на поени порасна за 3, односно тимовите во сезоната 2004/05 постигнуваа по 106 поени по меч. Исто така, таа година изби и еден од најголемите скандали во историјата на лигата, а тоа беше тепачката во Детроит во кои учествуваа и играчите и навиваите. Се започна помеѓу Бен Валас и тогашниот Рон Артест кој по тепачката со Валас замина до записничката маса и легна на неа. Тогаш некој од публиката фрли шише по Артест кој подиве и влета меѓу навивачите и ги удираше сите кои му застанаа на патот. Во сето тоа му помогна Стивен Џексон, додека Џермејн О'Нил се “реши“ со навивач на паркетот. Се заврши со големи казни за играчите. Артест доби казна за настап до крајот на сезоната, Џексон доби 30 натпревари, додека пак О'Нил 15 натпревари казна.

sp-620artest-brawl

Следната година Штерн одлучи да му стави крај на лошото однесување на НБА играчите, а најмногу заслуга за ова има Ален Ајверсон кој на натпреварите и на прес-конференциите доаѓаше со широки пантолони и огромна количина на златни/дијамантски ланчиња или подобро речено доаѓаше во “gengsta“ стил. Штерн одлучи дека играчите мораат да изгледаат пристојно и донесен е закон по кој играчите на натпреварите или оние кои седат на клупата поради повреда/суспензија мораат да бидат пристојно облечени односно во одело. Сепак, што ли важи ова правило кога Расел Вестбрук и Двејн Вејд на натпреварите доаѓаат во некои “шашави“ комбинации...
Таа година е воведена уште една забрани, а се однесуваше на играчите кои мислеа да играат во НБА лигата дирекно од средно школо, како што тоа го направија Брајант и Гарнет. Лигата на чело со Штерн одлучи дека секој играч мора минимално една сезона да помине на факултет или во европската кошарка пред да се пријави на драфтот.

  НАЈГОЛЕМИОТ СКАНДАЛ ВО НБА ЛИГАТА

 Кошаркарскиот судија Тим Донаги беше под истрага на ФБИ поради наместени натпревари, а најчесто се работеше околу бројот на поединечни екипи на крајот на натпревари или на полувреме или дпобеда на некој тим во т.н. хендикеп. Донаги доби затворска казна, а подоцна ја обвини лигата дека таа е крива за тоа. Најмногу под знак прашалник беше серијата помеѓу Лејкерси и Кингси во плејофот во 2002. година, а посебно во 6. натпревар, во кој се случуваа многу необјаснети работи. Овде можеме да ги додадеме и двете франшизи кои беа преместени во други градови. Ако некогаш одите во Сиетел немојте да го споменувате Штерн. Имено, во Сиетел, сопственикот Хауард Шлуц не можеше да добие одобрување за изградба на нова сала, а Штерн наместо да ја понуди франшизата на некој локален бизнисмен, тој се одлучи да му ја понуди на Клеј Бенет кој франшизата ја премести во Оклахома заедно со неколку феноменални играчи на чело со Кевин Дурент.

hi-res-4a7c2ebf40c10a7d94c8c1a7c1bdb1d5_crop_exact-Вториот тим се Хорнетси за кој загриза Лери Елисон, а неговата идеја беше тимот да биде преместен во Сан Хозе. Меѓутоа, Штерн овде се покажа во вистинско светло и разговараше со сопствениците на останатите 29 екипи кои беа за да им се понудат Хорнетси на некој локален бизнисмен, додека не се најде некој вистински сопственик. Се беше во ред додека менаџментот на Хорнетс го “договори“ трејдот на Пол во Лејкерси, но Штерн го стопира тоа и најде нов сопственик, Том Бенсон на кој како што се шпекулираше, им го ветил првиот пик на драфтот во 2012. година.

hi-res-147382982_crop_north

Последниот скандал беше лок-аутот во 2011. година наречен “Борба помеѓу милионерите и милијардерите“. Станува збор за поделба на приходите на лигата каде синдикатот на играчи го извлече подебелиот крај и сега приходот се дели 50:50, додека пред тоа играчите имаа 57% од приходот. Играчие загубија 2 милјарди долари во следните 7 сезони, а таа сезона одиграа 66 натпревари со многу згуснат распоред.

Господниот Дејвид Штерн од една забавна игра направи голема корпорација која генерира со голема количина на пари и сопственици. Покрај ова, му се заблагодаруваме на Штерн за сето тоа што го направи за кошарката и му посакуваме многу среќа на неговиот наследник Адам Силвер кој од денес станува прв човек на лигата.



0 comments:

Post a Comment