Home » , » Новицки ја надмина бројката од 26 илјади поени во кариерата

Новицки ја надмина бројката од 26 илјади поени во кариерата

Written By Unknown on 30.1.14 | 16:31

Легендата на Далас Маверикс Дирк Новицки синоќа стана само 13. играч во НБА историјата кој постигнал 26 илјади поени во својата кариера. 





Пред натпреварот, на германецот му требаа само 16 поени за да ја надмине границата, а мечот го заврши со 38 поени и 17 скока. Сепак Новицки беше разочаран од поразот и немаше причина да се радува на таа работа. Маверикс играа катастрофална одбрана во текот на целиот натпревар и беа поразени со конечни 115-117 од Рокетс.
Сум кажал и порано, бројките не ми значат ништо во пораз. Требаше да најдеме начин да победиме вечерва. - изјави Дирк по поразот.  

0 comments:

Post a Comment