Home » , » ТОП 12 плејмејкери за следната сезона

ТОП 12 плејмејкери за следната сезона

Written By Anonymous on 31.7.12 | 11:49


Во денешнава статија/колумна ќе ви ги претставиме најдобрите 12 плејмејкери за следната сезона.

12.Кајл Лаури - Торонто Рапторс
Лаури лани играше одлично за Рокетси имајќи просеци од 14 поени и скоро 7 асистенции по натпревар.Лаури игра одлично секоја година и се подобрува но оваа сезона поради новиот тим ќе остане на истите просеци.Тој го има од 12 место на најдобрите плејмејкери поради добрата игра брзината.....Да се потстеиме лани едно време беше и кандидат за МВП титулата.Не очекуваме да биде повторно кандидат за тоа, но очекуваме настап на Ол Стар.Сепак играл на Ол Старот или не тој е одличен лидер за Рапторси.

Предвидувања : 15 поени, 7 асистенции и 4 скока по натпревар.



11.Џру Холидеј - Филаделфија Севенти Сиксерс
Џру Холидеј одсекогаш бил брз, спретен снаодлив играч полн со потенцијал.Ќе ја почне новата сезона одлично.Очекуваме Холидеј да ги подобри категориите во поентирањето и додавањето и ќе проба заедно со Игуадала да го однесе тимот до уште еден плејоф настап.Да се потсетиме дека Џру во ланското полуфинале на Истокот против Бостон играше многу добро.Нема сомнение дека ќе биде играч од ол стар калибар.Тој има само 22 години и ќе се подобрува секоја сезона се повеќе и повеќе.Во следните години очекуваме да биде и во ТОП 10 плејмејкери.

Предвидувања : 16 поени, 6 асистенции, 2 скока и 1 украдена топка по натпревар.


10.Тај Ловсон - Денвер Нагетс
Тај имаше повреда минатата сезона, но сепак се врати водејќи ги Нагетси до плејофот со просеци од 16 поени и 6 асистенции по натпревар.Овој мал плејмејкер конечно почнува да се покажува.Би требало да се бори следната сезона за ол стар место, но не очекуваме дека ке го добие.Очекуваме добра сезона за брзиот плејмејкер од Северна Каролина.

Предвидувања : 17 поени, 8 асистенции и 2 украдени топки по натпревар.


9.Џон Вол - Вашингтон Визардс 
Од Вол се очекува многу, уште кога беше и во Кентаку.Имаше одлична руки сезона, но не се покажа добро во својата втора сезона.Некои оваа сезона му ја сметаа за разочарувачка.Но, со Бредли Бил на своја страна, се очекува да биде во ТОП 10 плејмејкери и следната сезона, а исто така и еден ден да биде во ТОП 5.Сепак сега е млад и учи.Можеби ќе игра на ол стар следната сезона, ќе биде во една од опциите.

Предвидувања : 18 поени, 7 асистенции, 3 скока и 1 украдена топка.


8.Стив Неш - ЛА Лејкерс
Неш моментално не е најдобар плејмејкер во лигата, но неговото менување на тим ке има драстична промена во играта за него.Ќе игра со Коби, ќе му отвара место за шут и простор.Поените на натпревар можеби ќе му паднат, но ке има пораст во асистенциите и ќе биде во битката за најдобар асистент на сезоната.Неш не е некој ’младич’ но сепак игра на големо, врвно ниво.

Предвидувања : 13 поени и 11 асистенции по натпревар.


7.Брендон Џенингс - Милвоки Бакс
Имајќи шутер како Елис до тебе мора да бидеш добар асистент и добро да го водиш тимот.Минатата сезона не беа нешто посебно, но се очекува оваа сезона да блеснат заедно.Одлична сезона пред се е пред Џенингс.Ќе се бори и за Ол Стар настап.Веројатно нема да биде пред Монта со поени, но ќе постигнува по 20 по натпревар.

Предвидувања : 20 поени, 6 асистенции, 4 скока и 1 украдена топка.


6.Тони Паркер - СА Спарс
Како и Стив Неш и на Тони Паркер оваа сезона би можела да му биде последна во ТОП 10/12 плејмејкери во лигата.Лани играше одлично, со одлични соиграчи.Паркер беше клучот поради тоа што Спарси издржаа толку.Очекуваме да настапи повторно на Ол Старот и исто така очекуваме да има одлична сезона.Лани влезот на Паркер во трката за МВП веројатно му беше последна поради тоа што има многу млади надежни добри играчи во Лигата.

Предвидувања : 18 поени, 7 асистенции, 2 скока и 1 украдена топка.


5.Кајри Ирвинг - Кливленд Кавалирс
Кајри имаше одлична руки сеона во Кавси и се очекува да продолжи по истиот пат.Тој лесно и заслужено влегува во овие ТОП 10/12 плејмејкери во лигата.Тој има само 20 години и е полн со потенцијал.Нема да биде зачудувачки доколку Кајри биде најдобар плеј еден ден.Но, сепак има работи кој треба да ги научи и да стане подобар.

Предвидувања : 21 поен, 7 асистенции, 3 скока и 1 украдена топка по натпревар.


4.Расел Вестбрук - Оклахома Сити Тандер
Расел имаше одлична сезона со Тандерси каде им помогна да стигнат до финале.Освен тоа е еден од кандидатите за МВП следната сезона.Очекуваме Расел да продолжи со вакви игри и повторно да му помогне на тимот да стигне до финале.Сепак доколку биде кандидат за МВП, не се очекува дека ке биде поради тоа што го има Дурент до себе.Тие се одлично дуо, кој ке доминираат следните неколку години.

Предвидувања : 24 поени, 6 асистенци, 4 скока и 1 украдена топка.


3.Дерон Вилиамс - Бруклин Нетс
Дерон Вилиамс ја постави франшизата на Нетси потпишувајќи 5 годишен договор.Очекуваме Дерон да ја има најдобрата сезона до сега.Треба да биде МВП кандидат и Ол Стар за Нетси.Вилиамс ќе игра на највисоко ниво, а тоа би требало да му ги обезбеди шансите на Нетси за плејоф.Одлична сезона следи за него.

Предвидувања : 23 поени, 8 асистенции, 3 скока и 1 украдена топка.


2.Крис Пол
ЛА сега има двајца кандидати во најдобрите плејмејкери во лигата.Крис Пол е број два.Тој креира простор и место за Грифин.Ова ќе биде една од најдобрите сезони за Крис Пол.Но, вистинското прашање е дали тој може да го однесе тимот до титула ? Секогаш бил одличен играч, но нема играно ниту едно финале.Крис Пол ќе биде и сериозен кандидат за МВП и сигурен стартер на ол стар на Западот.

Предвидувања : 20 поени, 10 асистенции, 2 скока и 3 украдени топки.


1.Ражон Рондо - Бостон Селтикс
Рондо дефинитивно оваа сезона ќе биде најдобар.Има добар скок шут одлична одбрана и одлична амбиција за пас.Неговата трипл-дабл машина и натаму импресионира.Најверојатно ќе биде во битката за стартно место на Ол Старот поради повредата на Роус, но сепак исто така ке се бори и за најдобар асистент со што лани беше и тоа.Со своите соиграчи Пирс и Гарнет и натаму може да дели асистенции, но прашањето е дали може до МВП титулата ?

Предвидувања : 16 поени, 11 асистенции, 7 скока и 2 украдени топки.


0 comments:

Post a Comment