И овој трејд беше само шпекулација пред неколку дена, но по голем притисок од јавноста конечно се официјализира. Главен играч во овој трејд е преселбата на Робин Лопез во Њу Орлеанс Хорнетс.
Заедно со Лопез и Хаким Ворик им се придружува на Хорнетс. Весли Џонсон, Бред Милер и пик од првата рунда во наредниот драфт одат во Феникс Санс, додека Џером Дајсон и 2 пика од втората рунда одат во Минесота Тимберволвс.
Со ослободувањето на Весли Џонсон, се ослободува и место во одделот за плати на Минесота, со што го потпишуваат Андреи Кириленко.
0 comments:
Post a Comment