Во 2008 година, дебитантот на Мајами Хит влезе во НБА лигата со големи очекувања. Влезе во составот на Мајами Хит и беше претставен како нов дел од тандемот Вејд - Бизли. Талентиран поентер, скокач и ноќна мора за очи-во-очи противник требаше да биде играчот кој ќе направеше "boom" во лигата под менторството на Двејн Вејд.
Но сепак тие очекувања останаа во Мајами, додека талентот на Мајк Бизли се префрли во Минеополис. Првата сезона Бизли го покажа токму она што сите го очекуваа од него, но последнава сезона навистина беше разочарувачка за него. Повреди, мала минутажа, ја изгуби стартната позиција, и по се изгледаше дека ќе биде трејдуван уште во Март, на крајот на преодниот период. Тоа не се случи, Бизли остана уште половина сезона во Волвс и како слободен агент потпиша со Феникс Санс ова лето.
Мајкл Бизли потпиша 3 - годишен договор со Феникс Санс, тим кој е во играчка транзиција веќе неколку години, а со овој договор добива можеби нов старт на неговата сеуште млада кариера. Добива стартна позиција, надежен талент околу него и вистински плеј - оф тим.
Можеби никој не очекува да се повратат очекувањата од 2008 година кога беше драфтуван, но самиот Бизли тврди дека се отвараат нови врати за него. Мајкл Бизли очекува сезона од Ол - Стар калибар.
Беше интервјуиран на темата "нов почеток со Феникс Санс", а тука ги изнесе своите очекувања:
Како се чувствува по доаѓањето во Феникс :
„Се чувствувам одлично. Навистина ... Добивам шанса не да бидам главниот играч на ростерот и предводник на овој тим, но да бидам (т.н.) "go-to" играч. Не е само поентирањето мојата посилна страна. Можам да бидам доволно добар дефанзивен стопер, и всушност се што на мојот тим му е потребно.“
За тоа дали верува дека ќе биде Ол - Стар пред неговиот договор да истече :
„По мое мислење, ќе бидам Ол - Стар оваа сезона. Всушност, се што сакам да правам е да победувам. Дали мојот талент ќе биде доволно проценет до некаде и не ми е важно, се додека победуваме.“
0 comments:
Post a Comment