Од Чикаго Булс очекуваа кам - бек на Дерик Роуз кон крајот на оваа година или во Јануари, но според новите известувања Роуз би можел да се врати на теренот дури во Март.
Од официјалната страна на Чикаго Булс - "Chicago Bulls.com" стои исто така информација дека Роуз нема шанси за да се врати здрав на терените до Март, што значи дека МВП играчот од пред 2 сезони ќе мора да одмара и по Ол - Стар паузата.
Дерик Роуз ги истегна лигаментите на неговото колено во првиот плеј - оф натпревар на Чикаго Булс изминатава сезона против Филаделфија СевентиСиксерс, а уште од тогаш беше најавено дека се заработи за сериозна повреда, што ќе го оддалечи Роуз од терените на подолго време.
Од таборот на Булс беа информирани дека Роуз ќе мора да пуазира подолго време, па така да веднаш тргнаа во потрага по плејмејкер кој би можел да го замени. Кирк Хајнрих беше ангажиран во трејд со Атланта Хокс, а подоцна беа доведени и центарот Назр Мохамед и бек - шутерот Марко Белинели.
0 comments:
Post a Comment