
Ниското крило Рони Брауер ке им се придружи на Њу Јорк Никси, според неговиот агент Ханри Томас.
Томас не ги објави деталите за овој договор, но изгледа дека договорот е на една година со ветеранска плата од 1,4 милиони долари, што им одговара на Никси.
“Ќе биде во одлична форма“ - вели за ЕСПН Њу Јорк.“Тој знае како да игра, игра и како одбрамбен добро и како напаѓач добро - трча со топката постигнува поени.Неговиот шут од надвор е подобрен и ќе продолжи да го подобрува, ќе биде одличен пасер и одличен играч кој ке ја води топката.“
Бруер кој лани играше за Булси, вели дека придружување на плејоф тим е шанса за него да почне отпочеток.Тоа значи дека Џ.Р Смит продолжува со Никси како 6ти играч, како и минатата сезона.
27 - годишниот Бруер во кариерата постигнува по 9 поени и 1,4 украдени топки во 7 сезони.Тоа е веројатно подобрување за Никси во одбраната бидејќи ке може да го замени “одбрамбениот специјалист“ Иман Шамперт кој е повреден.
Бруер главно ќе биде надополнување за Филдс, за кој Никси не ја изедначија понудата од Торонто, 3 години за 20 милиони долари.
0 comments:
Post a Comment